Wake-up CALL: Ова е најсилното кафе на светот!

најсилното кафе

Најсилното кафе на светот предизвикувало „чувство на непобедливост“!

Компанијата Biohazard Coffee не уверува дека го  развила најсилното кафе на светот! Biohazard Coffee тврди дека во ова кафе има 928 мг кофеин на шолја од 350мл. Ова претставува дупла доза од препорачаното „дневно дозирање на кафе“ за возрасни.

Најсилното кафе на светот е базирано на Робуста, видот на кафе што е популарно по високиот процент на кофеин и лутиот вкус. Пакувањето вклучува предупредување дека во ова кафе има четири пати повеќе кофеин од обичните кафиња во кафулињата.

Медицинските експерти препорачуваат да се консумираат до 400 мг кофеин дневно што би значело дека кафето е толку силно што ги надминува границите на нормалното. Компанијата вели дека непроспиените ноќи и чувство на непобедливост се неизбежни.

најсилното кафе

Изворот не информира дека ова пакување од 454 гр мелено кафе беше продадено на Амазон за нешто повеќе од 18 евра. И уште една информација: Поради големата побарувачка, кафето е распродадено и во моментот не е достапно за нарачка.

Како и да е, со нетрпение го чекаме моментот на достапност. Спремни за „чувство на непобедливост“!