Притисокот на Жана 200-Не е лесно со снашка – Марјан Георгиевски

MARJAN Марјан

Продолжува драмата во фамилијата, а еве Сашо шо ќе забележи во врска со најново урнебесно видео на Марјан Георгиевски во епизода 8:,, Лепотан прва класа”.

,,Жестоко било од стално. Ама од ко ја донесов женската, „склокоти тенџерето“ в куќа. Се шаштисаја сите и паника се крена околу запознавањето на Елеонора.

А и та па еден чурук табиет па. Само ми вика, ама ако… Добра е по душа. Не е лош чоек. Е сеа шо има тетоважи има, ама то е проблем на Жана, а не мој.

Јас си ја сакам и со се тетоважи. До душа не ме бендисват баш… И појќето поврзани со бившите и биле, ама тО многу кажва за нејзиниот карактер. Многу емотивен чоек е Елеонорчето. Душа голема има сите внатре да ги собери.

Еднаш му подреков за тие тетоважите ама пуздер ме напрај и ми го акна телефонот. Две недели не ми враќаше на пораките, а јас се штракнав скрос дома со овие лудите.

Поарно реков ќе трпам него ли секое сабајле да ја слушам Жана на цел глас како му раскажва на Мирето комшивката оти јас сум бил во депресија. После Мирето цела зграда научи оти сум бил во депресија и налет сѐ, се раширија муабети и дека сум се изматуфил. Сум се штракнал. Па еден комшија дури почна да ми збора со мимики и да ме држи за рака дури ги качвавме скалите.

Бегај реков ако продолжи вака работата, вистински ќе се изматуфам. Зато решив тро да се заозбилам и да ја викнам Елеонора дома. Ама снаата дива, а и свекрвата дива. Уште ко си го напраја првото „Добар ден“, знаев шо ме чека. Како и да е.. Не чекаја сите дуздисани, цела фамилија насмеана, ордевери – малдевери спремни, али на Елеонорчето друг и бил планот. Филм сакала да гледа… И секако, тука настапи Жана. Клизачи. Со се ордевер и ракија. Шо се случи, си знај само Мирето и вие.”