Достојно чествување во организација на Македонското научно друштво – Битола. 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски
На 25 јуни, 2023 одина, во с. Слоештица, се одржа значаен настан во чест на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски, организиран од Одселението за лингвистика и литература при Македонското научно друштво – Битола. Во соработка со Педагошкиот Факултет – Битола, Ректорската управа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студентскиот сојуз при истиот универзитет, Арт Поинт – Гумно, Задружниот дом во село Слоештица и Europe House од Битола, настанот се одвиваше на три локации во селото.
Чествување и Обраќања
Настанот започна со полагање цвеќе на гробот на Петре М. Андреевски во присуство на делегација предводена од претседателката на МНД Битола, проф. Др Невена Груевска, Амбасадорот на Европската делегација во РС Македонија, Дејвид Гир, семејството на Андреевски и останатите гости.
Следниот дел од настанот се одржа во Задружниот дом каде што свое обраќање имаа проф. Д-р Силвана Нешковска, иницијатор и организатор на настанот, проф. Д-р Невена Груевска и Анбасадорот Дејвид Гир. Нивните говори ја истакнаа величината на Андреевски како еден од најзначајните македонски поети и писатели, кој даде значаен придонес во градењто на македонскиот национален идентитет и современа книжевност.
Културни настани и признанија
Во знак на благодарност, претседателкате на МНД – Битола им врачи книги на претставниците на Задружниот дом, донација од МНД –Битола и Педагочкиот факултет – Битола за збогатување на библиотечниот фонд на Слоештица. Настанот беше збогатен со рецитал на избрани песни од поетскиот опус на Андреевски, особено од стихозбирката „Дениција“, подготвен од студенти на Педагошкиот факултет – Битола. Натанот вклушуваше и едукативен квиз, подготвен од студенти од студиските програми по англиски и македонски јазик и книжевност под менторство на проф. д-р Силвана Нешковска. Претседателката на МНД – Битола на ушесниците во квизот им врачи книги од и за Петре М. Андреевски, донација од издавачката куќа Арс Ламина.
Свечено откривање и завршен коктел
По завршувањето на рециталот и квизот, гостите беа поканети во Арт Поинт – Гумно, каде свечено беше откриена скулптура од познатиот македонски уметник Никола Пијанманов, инспириран од „Песна за мојата песна.“ На крајот од настанот, гостите уживаа во коктел организиран во ресторанот „На Валајци“ со финансиска поддршка од градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски и ПроКредит банка. Настанот доби финансиска поддршка и од СН Осигурителен брокер АД Битола.
Достојно Чествување на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски.