Турбулентниот живот на Ејми Вајнхаус во 3D Кино Битола

Со посебен пристап и вистинското значење на седмата уметност, 3D кино Битола ги отвара вратите за посетителите… За оние кои знаат што е необично филмско доживување. Филмот е во режија на Сем Тејлор-Џонсон, а главната улога ја толкува актерката Мариса Абела.

3D Кино Битола

Имено, после „Challengers“ и „Кралството на Планетата на Мајмуните“, во 3D кино Битола, не смеете да го пропуштите „Back to Black“. Тоа e автобиогравскиот филм на едно од најпознатите имиња, славната пејачка Ејми Вајнхаус. Насловот е олицетворение на самата песна, која денес е и тоа како позната за светскиот публикум. Познато е дека пејачката имала бурен и турбулентен живот. Се борела со своите ѓаволи, со некој внатрешен глас кој веројатно го имаат само такви големи уметнички имиња. Автобиогравскиот филм го разработува периодот од нејзината адолесценција, па се до креацијата на најпродаваниот албум во светот на музиката. „Back to Black“ ќе имате шанса да го гледате и вечерва (13.05.2024) во 20:00 часот.

3D Кино Битола

back to black trailer

И тука не заврши креирањето на филмот. Тоа е само почеток на патувањето на филмот кон публиката.

3D кино Битола води во светот на Планетата на мајмуните. Се отвораат сите визионерски амбиции на креаторите како и нови димензии на гледачите. На неделниот репертоар на 3D Кино Битола се истакна и „Кралството на Планетата на Мајмуните“. Продолжува филмската акција со фокус на меѓусебниот конфликт помеѓу човекот и шимпанзото.

Кралството од 2024 година го разгледува напрегнатото однесување помеѓу Ноа, младото шимпанзо и Меј, суштество од човечката раса во својство на жена. Додека се обидуваат да ја одредат иднината на своите видови во ова визионерско патување, ќе забележите како конфликтот станува кралска точка на акција и напнатост. Се прелистуваат магични и опасни територии на платното во 3D киното! Не пропуштајте да го доживеете ова искуство во 3Д  кино Битола на следните датуми: 14мај во 19:оо часот, 15 мај во 19:00 часот и 17 мај во 19:15 часот.

Инаку, за информација, работата на новиот филм за Планетата на мајмуните започна во април 2019 година откако „20th Century Fox“ беше придобиена од страна на Дизни. Следејќи го овој прелистувач, Бол беше додаден во тимот како писател и режисер во декември. Преку целиот период на пандемијата COVID – 19 во 2020 година, тимот работел на сценариото дури и во изолација.

А сега… Доста е зборување, набавете си билети, пуканки, удобно сместете се во црвените фотелји и уживајте во неделниот репертоар.

3D Кино Битола