Неделен репертоар на 3 Д кино Битола – Филмски атракции кои не смеат да се пропуштат

Кино, удобна фотелја, топла сала, а може и пуканки. Зошто да не. Оваа недела во 3 Д кино Битола, погледнете ги најновите филмски атракции и нивниот репертоар.

  • Недела 

Филмот „Недела“ сеуште се задржува на репертоар на 3 Д кино во Битола. Имено ,,Недела” го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцен. Така, преку песна станал дел од животот на многумина.

  • Сенката на Караваџо

Италија во 1610 година. Караваџо е еден од најбрилијантните сликари на своето време, но и бунтовник против одлуките на црквата. Откако бил информиран дека делото прикажува проститутки, крадци и скитници, папата Павле V ѝ наредува на Тајната служба на Ватикан да го истражи уметникот. Папата треба одлучи. Да одлучи дали да го помилува сликарот затоа што Караваџо го побарал тоа откако бил осуден на смрт за убиство на својот љубовен ривал. Истражувачот, познат како Сенка, започнува истрага што ќе го наведе да ги открие пороците и доблестите на уметникот чиј живот го држи во свои раце.

  • Бедни суштества

Неверојатната приказна за еволуцијата на Бела Бакстер, млада девојка оживеана од брилијантниот научник доктор Гудвин Бакстер.