Од дом до сценска слава – Филмот „Недела“ го претстави животниот пат на музичката легенда Џеј Рамадановски
Новиот филм „Недела“ го раскажува емотивниот пат на животот на легендарниот Џеј Рамадановски. Во над 90 проценти го става фокусот врз развојот на драматичниот притисок врз карактерот. Морални дилеми и филмска атмосфера на напнатост кројат емотивно искуство.
Продуциран од Владан Анѓелковиќ и режиран од Немања Ќераниќ , филмот истражува период од детството до првиот сценски успех во 1991 година. Сценаристот Стефан Бошкович се фокусира токму на овој период кој остава простор за длабока и емотивна поврзаност со ликовите на филмот.
Со песната „За крај“ напишана од не помалку легендарната Марина Туцаковиќ, филмот не само што го одбележува завршетокот на животот на Џеј, туку и ги прелистува најзначајните моменти од неговите испишани страници.
Актерите Хусеин Алијевиќ, Хуса и Емра Куртишова ги прават повеќе од живи Џеј и неговата мајка. Филмот донесува реалност од домското искуство на Џеј. Сцените оставаат впечаток на детство кое се суди со дистанцата помеѓу световите на растење и оддалеченост:„Мамо!“- викна Џеј, но неговиот повик се загуби во просторот. Мајката иако телесно присутна, беше далеку. Некоја неразумна причина не дозволи Џеј да го почувствува нејзиниот глас и топлина.
Ете така растеше Џеј. Тој стоеше таму, изгубен во својот свет. Предизвици со пороци, пријателства и губења помеѓу бетонски ѕидови и изгорени светла во Дорчол во едно друго време. Во оваа бура на комари и алкохолски демони, Џеј го најде својот спас во звукот на музиката. Секој удар на барабанот, беше негова терапија. Својата болка ја трансформира во балада, а темните мисли во љубов.
Ликот на дорчолската убавица Нина е негова опсесија. Но, таа е жртва на хероин и умира кога Џеј само што започна да се искачува кон врвот на кариерата.
Баладите исполнети со искрени текстови, станаа утеха за сите оние кои се поврзале со истата реалност. Во јавноста беше херој, но во тајната на љубовта и братството се случи нешто што го болеше „до коска“. Неговиот најблизок брат и другар Џамбо кој му беше патоказ во темнината иако соживотот им беше од другата страна на законот, го изгуби во една екстремна агресија која заврши со цементиран блок врз неговата глава.
Во суштина, сите изрушени закони носат трагедија. Овде, во филмот, баладата на Џеј е таа која го чува последниот трепет на правдата. Во мелодијата на Рамадановски, таа ја одржува искрата на надежта и потсеќа дека законот на неговата песна може да ги премине сите пречки отворајќи пат кон обнова… Само таа може да го откорне цементот во една поинаква „Недела“ кога звуците на градот ќе бидат заменети со тивките и спокојни звуци на Нина, на Џамбо и сите други пријатели и љубови. Поврзани и живи во едно друго време на природна хармонија.
Осврт на Ромина Марковска