Три,,потенцијално опасни” астероиди денес се приближуваат до земјата!

Три ,,потенцијално опасни” астероиди денес се приближуваат до земјата!

Денеска до земјата се приближуваат три астероиди. ,,ON” е името на еден од нив. Тој ќе помине покрај нашата планета на растојание од еден милион километри. Тоа е околу 2,6 пати повеќе од растојанието од Месечината, објави НАСА, пренесува tocka.mk

,,ON” е астероид со големина од 290 метри, а останатите два се големи колку куќа. Истите се очекува да поминат покрај нас на растојание од 1,8 милиони километри, односно 5,8 милиони километри.

И покрај тоа што астероидите се сметаат за опасни, НАСА уверува дека ниту еден од нив не се очекува да удри до Земјата.