Година: Г

Суровиот живот низ апсурдот од фотографии

Суровиот живот низ апсурдот од фотографии

Понекогаш и не сме свесни за часовите, за деновите, за животот кој минува покрај нас, понекогаш без или едвај да го забележеме. Понекогаш не сме баш свесни и колку е апсурдна оваа реалност што ја живееме, перцепираме, џвакаме. Ја убиваме ние или не убива таа оставајќи ни го на располагање нејзиниот дрес код - апсурд костум и црна вратоврска. Живееме во кафез, а птицата ја советуваме да одлета. Брзаме за други, играме за други, се жалиме на било која позиција и никогаш не сме задоволни од она што го имаме. На крај, се будиме и се мислиме која маска да…
Прочитај повеќе
„Изопачена љубов“ од Ана Хуанг – Предлог романса што одгвора со кафе во читалната на Books House

„Изопачена љубов“ од Ана Хуанг – Предлог романса што одгвора со кафе во читалната на Books House

Кога сме кај уметноста и „читачкиот универзум“, заедно со нашите пријатели од Books House, урбана книжара во центарот на градот, ви нудиме предлог книга што најповеќе ќе ги привлече љубителите на романсите како жанр. Станува збор за бестселерот насовен како: „Изопачена љубов“ од светски познатата авторка Ана Хуанг . Ова е феноменална книга која одговара со вкусно кафе, мирис на хартија и жолти ѕидови со моќни испишани пораки во удобниот простор на читалната во Books House. Во продолжение, погледнете го краткиот синопсис за тоа што би ве очекувао од оваа приказна. „Алекс Волков е ѓавол со ангелско лице и минато…
Прочитај повеќе
Зрно-фестивалот на алтернативна фотографија и оваа година со промоција на нови ѕвезди и во Битола

Зрно-фестивалот на алтернативна фотографија и оваа година со промоција на нови ѕвезди и во Битола

Минатата година Зрно фестивалот на алтернативна фотографија, го имаше своето прво издание, а според уникатноста и афтентичниот современ пристап кон уметничкиот фотографски фокус, овој фестивал може да се пофали со уште поголем квалитет и квантитет на содржините. Негувајќи ги благородните фотографски техники и имајќи висок естетски стандард, Зрно, на отворениот повик за дела привлече алтернативни фотографии од околу триесет земји од светот, од сите континенти. Имено, селекцијата ја правеше осумчлено меѓународно жири. „Бруна Валенца и Емилија Сандиќ се млади авторки за кои веруваме дека допрва ќе се слушне, а  тоа е дел од пристапот на Зрно, да промовира млади автори/ки.…
Прочитај повеќе
Ова се најактуелните дезени и бои за стилско урдување на домот – 2023

Ова се најактуелните дезени и бои за стилско урдување на домот – 2023

Трендот за внатрешен дизајн - 2023 е мотивиран од органските форми како карпи, школки , бамбусова трска. Имено, боите се во нијанси на оние кои преовладуваат во природата како боја на земја, беж, теракота, окер, зелено - маслинести тонови и длабоко кафеави нијанси, до боја на кал. Природата е возбудлива, внесете ја во домот и создадете инспиративен простор за творење. Природната волна, ѕид од варов гипс, тулата е материјалот од кој е составена внатрешноста на домот. Денес, брзиот стил на живот води кон постојана трансформација на случувањата во секоја сфера на живеењето, дури и во просторното уредувања на домот. Сега…
Прочитај повеќе
„Дури кога не веруваш, играј ја играта на верување!“ – Ентони Хопкинс со инспиративна порака

„Дури кога не веруваш, играј ја играта на верување!“ – Ентони Хопкинс со инспиративна порака

„Што и да сакаш да направиш верувај, верувај, верувај! Дури и кога не веруваш, играј ја играта на верување! Одиграј како да веруваш! Тоа е моќ! Тоа е чиста моќ! Ќе се случи! Верувајте ми! Функционираше на мојот живот! Ќе функционира и кај вас! Затоа, НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ! ВЕРУВАЈ! ВЕРУВАЈ! ВЕРУВАЈ! Без разлика што си, дали атеист, или агностик или било што... ВЕРУВАЈ! ВЕРУВАЈ! ВЕРУВАЈ!“ https://youtube.com/shorts/2vRzmJsLS8I?feature=share
Прочитај повеќе
„Oversized“ модел на фустан плус необичен детал – Одлично парче за жешките летни денови

„Oversized“ модел на фустан плус необичен детал – Одлично парче за жешките летни денови

После дождот доаѓа сонце нели? Така, веруваме дека на самиот праг се летните жешки денови, па затоа, во продолжение на дамите, им нудиме една интересна модна солуција. Наш совет е црвената боја која совршено и прилега и на удобноста. Затоа од Pinterest ја украдивме оваа модна идеја на предимензиониран летен фустан кој го следи дрес кодот на удобноста, модерниот street style, а истовремено изгледа и урбано. Она што ја издвојува оваа комбинација од „толпата“ се кратките доголенки со избраниот точкест принт. Модата е уметност и огледало на она што го чувствувате. Изберете ја страста, моќта и елегантноста на црвената боја.
Прочитај повеќе
„Солза и Смеа“ со урнебесната комедија „Вдовицата се омаже“ повторно во Прилеп

„Солза и Смеа“ со урнебесната комедија „Вдовицата се омаже“ повторно во Прилеп

Напишана во 1888 година, „Мечка“ од Чехов изобилува со моќни емоции, брзи дијалози низ кои се испреплетува т.н. хаос од аргументи кој низ ненадејни пресврти завршува маестрално. Режисерот Александар Димитровски - Саше во свој сопствен препознатлив стил, ги долови елементите на водвиљ кој секако носат комични ситуации. Колку е тенка границата помеѓу она што се вика љубов и страст наспроти омразата и гневот. Во афтентичниот стил на маестралните актери од театарот „Солза и смеа“, битолската публика имаше можност да ужива во претствата која ја доживеа својата премиера на 3 Март во Офицерски Дом - Битола, со нивната насловена како „Вдовицата…
Прочитај повеќе
Втор по ред ЕТНО ФЕСТИВАЛ во ОХРИД –  Градот кој го негува и бодри македонскиот фолклор, традиција и идентитет

Втор по ред ЕТНО ФЕСТИВАЛ во ОХРИД – Градот кој го негува и бодри македонскиот фолклор, традиција и идентитет

Смарагдот на нашата земја, градот со грандиозна историја, величествени споменици и афтентична архитектруа секогаш е инспирација за одново создавање на уметност. Штом сме кај неа, овој пат зборувме за уште еден настан што ќе се слушне низ чаршиските охридски уици. Имено, на платото пред НУЦК Григор Прличев на 14.06.2023 година со почеток од 20:00 часот, ќе се одржи вториот по ред ЕТНО ФЕСТИВАЛ ОХРИД 2023. Здружението АРТ Пријатели од Охрид се потпишува како организатор на овој интересен настан, а истиот е поддржан од Општина Охрид. Под истиот наслов на албумот: ,,ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО”, гласи и концертот. Со нова модерна…
Прочитај повеќе
На Шеталиште, децата за прв пат ја истрчаа својата прва животна трка

На Шеталиште, децата за прв пат ја истрчаа својата прва животна трка

Со цел да ги поттикне децата од најмала возраст да се „заразат“ со вистински нешта и здрави навики, етаблираната трка Трчај бе, го организираше настанот под името Мини Трчај бе што беше вистински спектакл за нашите најмили. Публиката уживаше во детскиот џагор и ги мотивираше малите шампиони да стигнат побрзо до целта. Победничкиот дух беше неизбежен, но сепак се почитуваше мотото кое беше нагласено од страна на организаторите: „Секое дете кое ќе ја помине целта е победник и секое дете за нас е супер херој“ „Првото издание на Мини Трчај бе, сметаме дека означува мала пресвртница во животот на секое…
Прочитај повеќе
Каде ќе бидеш утре, зависи од тоа што ќе го направиш денес!

Каде ќе бидеш утре, зависи од тоа што ќе го направиш денес!

Утро, кафе и убави мисли кои ќе ве мотивираат да се разбудите од сите стеги, притисоци и демотивации. Прочитајте ги овие пет цитати и започнете да уживате во часовите што следат. Но, пред тоа, со позитивна афирмација речете си: „Ова ќе биде мој ден!“ Сети се на мигот кога го посакуваше она каде што си сега! Вљуби се во процесот и резултатите ќе пристигнат сами! Каде ќе бидеш утре, зависи од тоа што ќе го направиш денес! Најголемиот ризик е да не ризикуваш! Целта на денешниот ден е да постигнеш некаква цел, без разлика колку е таа мала!
Прочитај повеќе