Година: Г

Највозбудливиот фустан на Zara е распродаден за неколку саати

Највозбудливиот фустан на Zara е распродаден за неколку саати

Zara го „лансира“ боемскиот стил во  моделот  на  фустан што ги избезуми консументите на модни хитови.  Розева подлога,  пуф-ракави, набрано торзо, четвртасто деколте и принт во боја на „залезот на сонцето“ и сето тоа спакувано во парче фустан, се најде на долгата листа на  чекање за да се добие по цена од  само  45.95 евра. Погледнете ја креацијата.
Прочитај повеќе
Зелена и урбана оаза во ентериерот!

Зелена и урбана оаза во ентериерот!

Зелена и урбана оаза во ентериерот е концепт кој се фокусира на креативно искористување растенија и урбан дизајн  во внатрешниот простор на домот. Вклучете различни елементи и техники за да добиете природна и зелена атмосфера.  Еве неколку идеи како можете да го постигнете тоа: Растенија: поставете различни видови собни растенија, ѕидови со зеленило. Растенијата ќе го подобрат квалитетот на воздухот и додаваат природен елемент во ентериерот. Вертикални градини: искористете го вертикалниот простор во домот. Овие градини можат да бидат поставени на зидови како панели со интегрирани растенија или пак касетни зеленила во минималистичка форма и големина. Ова креира импактивен изглед.…
Прочитај повеќе
,,Мангал муабет” – Од каде потекнува овој битолски израз?

,,Мангал муабет” – Од каде потекнува овој битолски израз?

Боемска, конзулска, една и единствена. Нашата Битола е посебен муабет, љубов, приказна што секогаш знае да раскаже историја. Во продолжение прочитајте една од тие уникатни приказни за градот со посебен потпис и афтентичниот т.н. ,,мангал муабет". ,,Некогаш во Битола помеѓу двете светски војни, „мангал муабетот“ беше секојдневно присутен и повеќе од потребен. Со него битолските дуќанџии си ја ранеа душата, бистреа политика, договараа брак преку стројници, правеа мајтапи на своја сметка, се радуваа, едвај чекаа да се видат покрај мангалот (тркалезен широк сад изработен од бакар, месинг, глина во кој се држи жар за загревање на простории) во долгите зимски…
Прочитај повеќе
Уникатна изложба за џамиите Исхак Челеби и Хајдер Кади – Битола продолжува да живее во име на уметноста

Уникатна изложба за џамиите Исхак Челеби и Хајдер Кади – Битола продолжува да живее во име на уметноста

Битола продолжува да живее во име на уметноста. Имено, овој пат битолчани ќе имаат чест да присуствуваат на уште еден подвик, изложба посветена на џамиите Исхак Челеби и Хајдер Кади. Изложбата ќе се одржи утре (во Петок, 14 јулу) во просториите на центар за култура и образование кое е под муфтиство Битола, а се наоѓа на улица “Караорман“ бр. 6. Фото изложбата е насловена како ,,Исхак Челеби џамија и Хајдар Кади џамија – верско историски објекти во Битола“. Имено, Агим истакна дека се работи за фото изложба на која ќе бидат изложени фотографии направени во две активни џамии во Битола.…
Прочитај повеќе
И ти имаш право на свое право! -Тие што те сакаат ќе те сакаат таков каков што си

И ти имаш право на свое право! -Тие што те сакаат ќе те сакаат таков каков што си

И ти имаш право да се спротивставиш на се она што не е во согласност со твоето мислење. Не ги премолчувај нештата што крајно те иритираат и провоцираат  и те прават да се чувствуваш нервозно и напнато. Не дозволувај да бидеш нешто што навистина не си. Кажи го своето мислење гласно и транспарентно без доза на страв и  секако со смирен тон и спикерска дикција.  По никоја цена не го прифаќај она што си сигурен дека е погрешно, па макар и сите други да го кажуваат и прават спротивното. И ти имаш право да бидеш сосема свој и запомни: тие…
Прочитај повеќе
Модни совети за дамите над 50

Модни совети за дамите над 50

 Моден императив за дамите над 50 години „Облечи се старомодно, без оглед на годините, луѓето ќе го забележат фустанот, облечи се беспрекорно и луѓето ќе ја запаметат жената.“ - Коко Шанел Зрелите години носат стилско модно однесување. Дамата во овие години ја доловува целокупната слика за сопствената беспрекорност практикувајќи правила на модно однесување:  - кога носите кошула, откопчајте не повеќе од две копчиња; -одлучете се за здолниште со пократка  должина или деколте, двете не одат заедно; -деколтето на деловната гардероба не смее да биде пониско од 10 сантиметри од клучната коска; -Ако ја носите кошулата одвнатре, носете и каиш; -Препорачлкиви…
Прочитај повеќе
„Течен детокс“- ќе изгубите 3 килограми без напор за многу кратко време

„Течен детокс“- ќе изгубите 3 килограми без напор за многу кратко време

Детоксикација на организмот е процес на отстранување на токсините или штетните супстанции од телото заради подобрување на општото здравје. „Способноста на телото да се исчисти од токсините веќе е регулирано преку природните процеси во црниот дроб, бубрезите, плуќата и кожата.“ - пишува  - aktivni.si Можете да ја подржите природната детоксикација на организмот и да го одржувате здрав со помош на свеж микс-сокови од овошје и зеленчук, секојдневно. Експертите советуваат да одберите спанаќ, морков, коприва, рен. Вклучете  чорба од зеленчук, компот од сезонско овошје, растителни чаеви и пијте многу вода. Детокс-течноста ќе ви помогне да изгубите 3 килограми без напор и…
Прочитај повеќе
Милерам торта-никогаш нема да ве изневери

Милерам торта-никогаш нема да ве изневери

„Милерам торта“- никогаш нема да ве изневери  Ова лесно и „растресито“ тесто со милерам и пудинг од ванила ако еднаш го направите и вкусите,  постојано ќе биде присутно во „вашето мени“. Времето на печење на тестото трае 45 минути на температура од 180 степени. Започнете со 250 грама брашно и во него додадете 200 грама шеќер, едно пакетче ванила и едно пакетче прашок за пециво. Измешајте ги овие состојки и додадете 100 грама маргарин. Измесете го тестото, додадете едно јајце и една лажица кисела павлака. Замотајте го во пластична фолија и оставете го во фрижидер додека приготвувате две кеси пудинг…
Прочитај повеќе
Запознајте ја Тоскана – Богата историја, префинета кујна и извонредно вино

Запознајте ја Тоскана – Богата историја, префинета кујна и извонредно вино

Тоскана е преубава регија сместена во централниот дел на Италија. Повеќе од позната е по своите пејсажи, богата културна историја, префинета кујна и извонредно вино. Во следните редови прочитајте неколку клучни информации за ова бесценето место и доколку би имале прилика, веднаш ставете го како задолжителна дестинација која мора да се најде на вашата патувачка листа. Фиренца, главниот град на Тоскана е дом на уметнички ремек дела вклучувајќи ја надалеку прочуената катедрала Santa Maria del Fiore (Duomo) Во Сиена се наоѓа спектакуларната Piazza del Campo каде секоја година се одржува трка на коњи-Palio di Siena. Тука е Готската катедрала и…
Прочитај повеќе
Зошто седиштата во кино-салите имаат црвена боја?

Зошто седиштата во кино-салите имаат црвена боја?

„Зошто седиштата во кино - салите имаат црвена боја?“ Седиштата во кино-салите  имаат црвена боја затоа што црвената боја е првата боја која станува невидлива во отсуство на светлина. Кога би имало и малку светлина, сината боја ќе изгледа посветла од црвената. Обратна е состојбата кога има доволно светлина. Овој феномен се нарекува Пуркиние ефект и името го добил по чешкиот анатомист Јан Евангелиста Пуркине(1787-1869).  Вклучува промена во перцепцијата на бои меѓу светла и темна осветленост. Во услови на ниско осветлување како на пример во мрак, конусните клетки во ретината на окото кои се одговорни за препознавање на бои во…
Прочитај повеќе