Месец: м.г

Денес е светски ден на кавијарот – Еве како започнала приказната за овој луксузен деликатес

Денес е светски ден на кавијарот – Еве како започнала приказната за овој луксузен деликатес

18ти јули, секоја година се слави Денот на кавијарот. Овој ден во светот е сервиран  како „свест за изворот за храна и прослава на деликатес“.  Инаку најдобриот кавијар  има бисерно-сива боја и се добива од икрата  на рибата есетра , една од најстарите риби на Земјата. Директните предци на современата есетра се шетале во реките дури и во ерата на диносаурусите. САД  во околу 1900 година,  дистрибуираа годишно 600 тони есетра. Поради прекомерното собирање на рибата есетра за кавијар, САД извесно време го забрани риболовот за да ја заштити рибата од исчезнување. Населението воопшто не се опорави од оваа забрана…
Прочитај повеќе
Под велот на музиката: Ди-џеј Љубиша со нов ремикс на „Македонско девојче“

Под велот на музиката: Ди-џеј Љубиша со нов ремикс на „Македонско девојче“

Под закрила на љубовта и под велот на музиката, македонската публика ќе има можност уште еднаш да ужива во приказната за единственото македонско девојче. Имено станува збор за нова песна на Љубиша Милошевски, меѓу битолчани познат како Ди-џеј Љубиша. Новиот ремикс на легендарната „Македонско девојче“ која  првично беше создадена од бардот Јонче Христовски, воодшевува и ветува дека ќе биде уште еден хит на нашата музичка сцена. Емоцијата е уште повозвеличена, а македонското девојче е одново мотив за создавање на уште поголема уметност! Во продолжение уживајте во новата песна на Љубиша. https://www.youtube.com/watch?v=myJnQ4a5TvY
Прочитај повеќе
Еве каде растат парите – На овие места во светот, луѓето имаат „најдлабок џеб“!

Еве каде растат парите – На овие места во светот, луѓето имаат „најдлабок џеб“!

Вечните прашања и тренд кој никогаш не умира: „Каде се парите? Каде растат? Каде има многу...? Во продолжение прочитајте нешто околу овие одговори. Луѓето што живеат во овие регии од светот имаат „длабок џеб“! Силицијумска долина, САД-Калифорнија е позната по големиот број технолошки компании како што се Apple, Google, Facebook кои им донесоа огромно богатство на претприемачите и инвеститорите. Затоа се смета дека ова е е.н. долина на парите. Њујорк  е финансиска престолнина на САД  и има огромен број на финансиски институции вклучувајќи берзи, инвестициски банки и hedge фондови (сложени финансиски ентитети). Тука се наоѓа популарната улица Волстрит која е епицентар…
Прочитај повеќе
Мултитаскинг: Предност или шанса истовремено да „зафркнеме“ повеќе работи?

Мултитаскинг: Предност или шанса истовремено да „зафркнеме“ повеќе работи?

Мултитаскинг- бесмислица или пример за ефикасност?! Најдобриот одговор на оваа супер популарна тема во нашето секојдневие со која ќе се сложат експертите, го даваат авторите на книгата „Само едно е важно“, Гари Келер и Џеј Папасан. „Луѓето кои прават повеќе работи одеднаш едноставно ништо не прават добро. Луѓето всушност се способни да вршат две или повеќе работи во исто време. Па така, да  речеме,  можат да зборуваат додека одат или да џвакаат гума за џвакање додека читаат мапа. Не можеме истовремено да посветиме еднакво внимание на двете дејствија. Го поместуваме фокусот од содржина на содржина што резултира со сериозни последици: Два авиони…
Прочитај повеќе
Битолски ШОУБИЗ: Мими со југото провали на среде емисија!

Битолски ШОУБИЗ: Мими со југото провали на среде емисија!

Мими со југото провали на среде емисија! „Дедо ми ми остај Фичо во наследство, презачувано, со 20.000 поминати километри и јас на мои 15 години се одлучив да го продам во Кукуречани за по ниви да го дрнкат и со парите да си купам компјутер Пентиум 4ка, за то време многу јак. Ко ќе ми текни ми иди да се самоуништам хаха ама ете нема назад. А Југо возам, оти најмногу сакам Југо. То ми е првата кола во која седнав да возам, низ чикмак кај мене и уште од првиот момент се заљубив во колата. И знаев дека кога…
Прочитај повеќе
Највозбудливиот фустан на Zara е распродаден за неколку саати

Највозбудливиот фустан на Zara е распродаден за неколку саати

Zara го „лансира“ боемскиот стил во  моделот  на  фустан што ги избезуми консументите на модни хитови.  Розева подлога,  пуф-ракави, набрано торзо, четвртасто деколте и принт во боја на „залезот на сонцето“ и сето тоа спакувано во парче фустан, се најде на долгата листа на  чекање за да се добие по цена од  само  45.95 евра. Погледнете ја креацијата.
Прочитај повеќе
Зелена и урбана оаза во ентериерот!

Зелена и урбана оаза во ентериерот!

Зелена и урбана оаза во ентериерот е концепт кој се фокусира на креативно искористување растенија и урбан дизајн  во внатрешниот простор на домот. Вклучете различни елементи и техники за да добиете природна и зелена атмосфера.  Еве неколку идеи како можете да го постигнете тоа: Растенија: поставете различни видови собни растенија, ѕидови со зеленило. Растенијата ќе го подобрат квалитетот на воздухот и додаваат природен елемент во ентериерот. Вертикални градини: искористете го вертикалниот простор во домот. Овие градини можат да бидат поставени на зидови како панели со интегрирани растенија или пак касетни зеленила во минималистичка форма и големина. Ова креира импактивен изглед.…
Прочитај повеќе
,,Мангал муабет” – Од каде потекнува овој битолски израз?

,,Мангал муабет” – Од каде потекнува овој битолски израз?

Боемска, конзулска, една и единствена. Нашата Битола е посебен муабет, љубов, приказна што секогаш знае да раскаже историја. Во продолжение прочитајте една од тие уникатни приказни за градот со посебен потпис и афтентичниот т.н. ,,мангал муабет". ,,Некогаш во Битола помеѓу двете светски војни, „мангал муабетот“ беше секојдневно присутен и повеќе од потребен. Со него битолските дуќанџии си ја ранеа душата, бистреа политика, договараа брак преку стројници, правеа мајтапи на своја сметка, се радуваа, едвај чекаа да се видат покрај мангалот (тркалезен широк сад изработен од бакар, месинг, глина во кој се држи жар за загревање на простории) во долгите зимски…
Прочитај повеќе
Уникатна изложба за џамиите Исхак Челеби и Хајдер Кади – Битола продолжува да живее во име на уметноста

Уникатна изложба за џамиите Исхак Челеби и Хајдер Кади – Битола продолжува да живее во име на уметноста

Битола продолжува да живее во име на уметноста. Имено, овој пат битолчани ќе имаат чест да присуствуваат на уште еден подвик, изложба посветена на џамиите Исхак Челеби и Хајдер Кади. Изложбата ќе се одржи утре (во Петок, 14 јулу) во просториите на центар за култура и образование кое е под муфтиство Битола, а се наоѓа на улица “Караорман“ бр. 6. Фото изложбата е насловена како ,,Исхак Челеби џамија и Хајдар Кади џамија – верско историски објекти во Битола“. Имено, Агим истакна дека се работи за фото изложба на која ќе бидат изложени фотографии направени во две активни џамии во Битола.…
Прочитај повеќе
И ти имаш право на свое право! -Тие што те сакаат ќе те сакаат таков каков што си

И ти имаш право на свое право! -Тие што те сакаат ќе те сакаат таков каков што си

И ти имаш право да се спротивставиш на се она што не е во согласност со твоето мислење. Не ги премолчувај нештата што крајно те иритираат и провоцираат  и те прават да се чувствуваш нервозно и напнато. Не дозволувај да бидеш нешто што навистина не си. Кажи го своето мислење гласно и транспарентно без доза на страв и  секако со смирен тон и спикерска дикција.  По никоја цена не го прифаќај она што си сигурен дека е погрешно, па макар и сите други да го кажуваат и прават спротивното. И ти имаш право да бидеш сосема свој и запомни: тие…
Прочитај повеќе