Рецепт за карбонара од ,,ветеран“ во италијанската гастрономија

карбонара

Антонио Карлучио е ,,ветеран“ во италијанската гастрономија. ,,Che mangia bene mangia Italiano“, ќе рече една италијанска поговорка, или ,,Кој добро се храни, јаде италијанска кујна”.

Ако и вие сте дел од оние редовни ,,гости” на феноменалната италијанска кујна, сигурно ќе ве интересира оригиналниот рецепт за вистинска италијанска карбонара.

Состојки:

– 220 гр шпагети

– 25 гр панцета (италијанска сланина) исечкана на ситни коцки

– 2 лажици маслиново масло

-2 јајца

-50 гр пармезан (или старо пекорино), свежо изрендан

-0свежо мелен црн пипер

Подготовка:

Гответе ги тестенините во големо тенџере со зовриена солена вода според упатствата на пакувањето, се разбира… ал денте.

Во меѓувреме, загрејте го маслото во тава и пржете ја панцетата неколку минути, додека парчињата не станат крцкави.

Во поголем сад лесно изматете ги јајцата со ренданото сирење и бибер. Кога тестенините се готови, исцедете ги и додајте ги во тавата со панцетата и убаво измешајте. Тргнете го од оган и оставете малку да се излади. Потоа додадете ја смесата со јајца и сирење. Се добро измешајте и послужете веднаш.

Деталната процедура погледнете ја во видеото подолу. Buon appetito: