Претставата ,,My name is Medeja”со награда за најдобра претстава на театарскиот фестивал,, Војдан Чарнодрински”

,,My name is Medeja” во режија на Себастијан Хорват донесе уште една награда за Битолскиот Народен театар. Станува збор за наградите на 57мото издание на македонскиот фестивал ,,Војдан Чернодрински” – Прилеп. Во продолжение прочитајте ги наградите.

1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ – САШО ИЛКОВСКИ.

2. НАГРАДА ЗА МУЗИКА – ДРАГО ИВАНУША.

3.НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА – ИЛИНА ЧОРЕВСКА.

4.НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА – СЕБАСИЈАН ХОРВАТ.

5.НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ЦЕЛИНА СЕ ДОДЕЛУВА НА ПРЕТСТАВАТА “MY NAME IS MEDEJA” ОД МИЛАН РАМШЕК МАРКОВИЌ, ВО РЕЖИЈА НА СЕБАСТИЈАН ХОРВАТ, ВО ИЗВЕДБА НА НАРОДЕН ТЕАТАР – БИТОЛА.

Имено околу претставата My name is Medeja“, драматургот Рамшак Марковиќ ќе рече:

,,Тоа е претстава за женската моќ. Главната хероина, економска мигрантка од Балканот која заминала во Швајцарија, е вклештена помеѓу немилосрдната и безлична бирократија, од една страна, и расипаноста на поранешниот маж, од друга. Медеја се бори, но секој чекор што ќе го направи како да ја турка сѐ подлабоко кон дното и соочувањето со поразот. Во моментот на целосна немоќ, таа сепак пронаоѓа надеж, но надвор од координатите во кои се движела дотогаш (митска омнипотенција/тотална немоќ) – откривајќи дека вистинската сила секогаш се наоѓа во односот со другите. Твојата болка не е само твоја, исто како што и твојата борба не е само твоја,
Годинашново жири што одлучуваше за наградите на фестивалот е во состав: Јанко Љумовиќ, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радолиќ.