Прва Барбика со Даунов синдром

барби со даунов синдром

Кен и Барби – омилените и најпопуларни играчки низ светот. Сакајќи да ги израдува сите деца, производителот на играчки Mattel, во соработка со Националното здружение за Даунов синдром, ја создаде првата барбика која всушност има подолго торзо и пократко тело во споредба со другите.

Идејата на светскиот бренд Mattel за оваа барбика, е стремежот кон уште поголема инклузивност за својата палета на кукли.

барбика со даунов синдром

Во соопштение за медиумите, производителот за неговата идеја, истакна дека лицето на неговата нова кукла е позаоблено во својата форма, а барбиките имаат очи во облик на бадем, помали уши и исправен нос.

„Дланките на куклата вклучуваат дури и линија, карактеристика што често се поврзува со луѓе со Даунов синдром“, изјави Мател.

„Нашата цел е да им овозможиме на сите деца да се видат себе си во Барби, истовремено охрабрувајќи ги децата да си играат со кукли кои не личат на нив“, рече Лиза Мекнајт, извршен потпретседател и глобален шеф на Barbie & Dolls, Mattel.

Дури и боите кои ги носи оваа кукла, се во знакот на свесноста околу Дауновиот синдром. Жолтата и сината боја преовладуваат на аутфитот на моделот и куклата е облечена во фустан со пуф ракави со детали како цвеќиња и пеперутки изработени на комплетниот дизајн.

Од страна на аксесоарите, на вратот на барбиката се истакнува розев ѓердан со три камења.