КРИПИ МОМЕНТ на автопат ги збуни возачите! Хотел кој не постои

hotel

На автопат во Австралилја се наоѓа една изненадувачки голема градба која ги збунува возачите. Станува збор за хотел кој всушност нема соби. Вистината е дека тоа е дело на канадскиот уметник Калум Мортон.

„Хотелот“ или макетата од големи размери е наречен  East Link, направен е и „откриен“ е во 2007 година, на периферијата на Мелбурн , веднаш до автопатот. Инаку, неговата изградба, изнесувала 655 000 фунти или 1,2 милиони австралиски долари.

Интересно е што веб страницата на East Link Hotel соопшти дека бројката на возачи, клиенти кои сакаат да преноќат во него е голема, заинтересираноста за овој „лажен“ објект постојано расте, а веројатно и тоа му била идејата на уметникот, да привлече што повеќе публика.

Имено, Мортон околу самиот концепт за дизајнот на т.н. лажен хотел, ќе рече: „Возачите ќе го гледаат од автомобилот како вистински хотел и можеби, со текот на времето, како чудно намалена декорација што избегала од тематски парк или филмски сет“. Тој додава дека структурата е „ефективно огромна измама“ – зграда која била дизајнирана за украсни цели.

Што се однесува до градбата, хотелот е широк пет метри, а висок е 20 метри. Има бетонска и челична конструктивна рамка и стаклени панели. Она што е малку интригантно, е што уметничкото дело е некако и морничаво, затоа што дел од прозорците, се осветлени во текот на ноќта.

Сепак, некои се воодушевуваат на оваа скулптура, но веројатно има и такви кои си заминуваат разочарани затоа што по долгиот пат, човек очајно бара место каде ќе се одмори и ќе се разбуди свеж и подготвен за уште едно патувачко исуство. Подолу во текстот погледното го видеото.

https://www.youtube.com/watch?v=M5srmPiXXJc

Извор