Идеален летен оброк – Уживајте во нови гастрономски искуства

индиска салата

Храната е уметност, па од тука и идејата да уживате во нови искуства и да експериментирате во кујната. Во продолжение прочитајте го рецептот наречен како индиска салата и вкусете еден поинаков летен оброк.

Состојки:

– 2 јаболка

– 300 гр пилешко бело месо

– 2 лажички кари

– 100 гр мајонез

-1 дл јогурт

– 2 лажички мед

-1 лажица сок од лимон

– 1/4 лажичка ѓумбир

– 1/8 лажичка сол

-1 шака бадеми

Подготовка:

Во блендер измешајте кари, мајонез, јогурт, мед, сок од лимон и ѓумбир, па измешајте ги во прелив.

Подготвеното исечкано пилешко, ставете го во сад за салата со коцки од јаболка и преполовени бадеми.

Сѐ добро измешајте и посолете.

Прелијте го преливот врз салатата и оставете го во фрижидер пред послужување.

Пријатен апетит!