Во Грејстоун – Ирска, на учениците до средно училиште, им е забрането да користат мобилни телефони. Со цел да се ограничи влијанието на се она што се прикажува на мобилните телефони и апсорбирањето на многу непотребни информации, како и забранети содржини кои всушност се прикажуваат на социјалните мрежи, децата во овој град, не смеат да користат телефони до средно училиште. Родителите апсолутно се согласуваат и ја поддржуваат ова одлука.
„Полесно е да се каже не“ е слоганот на кој здруженија на родители од осум основни училишта во именуваниот град, пристапуваат на ова одлука.
„Полесно е да се каже не. Колку подолго успеваме да им го зачуваме детството, толку подобро”, рекла една од мајките.
Основната загриженост околу ова прашање е тоа што паметните телефони, според нив поттикнуваат анксиозности и ги изложуваат децата на неприкладни содржини за возрасни.
Имено, ова прашање е отворено во многу земји и загриженоста околу истото, го приклучува алармот за развивање на свеста околу одржувањето на здраво детство.