Вива магента е бојата што ќе доминира во ентериерот во 2023

najpopularnata boja za 2023

Вива магента е бојата што ќе доминира во ентериерот. Прогласена за најуникатна урбана нијанса која би рекле дека го наоѓа своето место помеѓу црвената и розовота боја, таа се опишува како забавна, позитивна и весела.

Според институтот за бои Пантоне, за вива магента вели дека е  неконвенционална нијанса за неконвенционално време.

Нијансираниот црвен тон го балансира топлото и ладното и претставува храбра, пулсирачка и бестрашна боја која го промовира оптимизомот и ја истакнува радоста.

Вива Магента исто така значи моќ, смелост и поттик за самоизразување без некој да не ограничува.

Доколку сакате промена, а истовремено ќе ги следите светските трендови, пробајте да дизајнирате со оваа жестока нијанса со нова димензија на страста и оптимизмот и добијте урбан лик во вашиот ентериер.