Вештачката интелигенција може да ги „замени“ архитектите?

vestackata intelegencija вештачката интелегенција

Вештачката интелигенција Artificial intelligence (AI) која има способност да обработува енормно големи количини на податоци, може да  биде од полза и за архитектите. Имено, архитектот може да  користи податоци од  AI во насока на истражување и тестирање на неколку идеи истовремено. Ова би значело дека концептуалниот дизајн може да се одвива без класичниот молив и хартија.

Вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција се интегрира и во архитектурата за да се направи работата полесна, покреативна, уникатна и персонализирана.  AI има неверојатна способност да користи податоци за донесување одлуки и препораки. Истите се базични за процесот на дизајнирање на архитектурата.  Ова е особено точно во раната фаза на проектите. Илустративно, ако архитект дизајнира куќа за семејство, тој може да собира податоци за истото тоа семејство до крајниот исход на дизајн. Низ датотеката што ја создава, користи АI за да повлече податоци „за зонирање“, „кодови за градба“ и многу повеќе пред да генерира варијации и различни опции.

Вештачката интелигенција

Денес, концептот за дизајн на конструкција на Building Information Model (BIM) e софтверска програма напојувана со вештачка интелигенција. Таа се користи од градежни професионалци , вклучително и архитекти. Во минатото, архитектот се потпирал на дизајни со помош од компјутер (CAD)  за да може да развие 2D и 3D структура.  Со  (BIM) се создава подобар модел за пократко време. BIM му овозможува на архитектот да ги надмине 3D моделите .  На овој начин на архитектот му е овозможена ажурирана проценка  за опсегот на проектот секогаш  кога се прави промена.

Како би изгледале познатите згради во светот кога вештачката интелигенција би била архитект“ Погледнете ги останатите фотографии на линкот тука.

Пишува-Ромина Марковска