Ракија, промаја, тетра пелени, бајачи! – Кои се термините шО светО не ги знај за нас, ама и обратно?!
Ракија:
Во светот: Непознат термин
Кај нас: Aлкохол, жесток пијалок, средство за дезинфекција, лек, ко ќе си настинат се мачкаш со ракија.
Промаја:
Во светот: Измислена именка.
Кај нас: Состојба во која задолжително ќе настиниш. Место во кое паралелно има две врати или прозорци отворени. Опасен круг на ѓаолот. Предупредувања: Ќе ти се укочи вратО, ќе те фати полојната, ќе те искини промајата!
Чорапи:
Во светот: Mоден додаток
Кај нас: 3 за стотка. Чорапи со киселина за да ти ја смалат температурата.
Бајачи:
Во светот: Непознат термин
Кај нас: Луѓе кои имАт чудотворни моќи или занает кој му бил пренесен од бабите. Пример:,,Ој на Бајач, нешто ко подуплашен ми си!” или ,,Бабе ми те имат почудено оти многу убав ми си!” И одиш на ,,бајач” ти фрлат сол, зејат над тебе. Му даваш мајца твоја, ти ја враќат ,,маѓепсана”. ,,Баеле” 6 сати над мајца, се мачеле, се умориле. Се верува оти ако преспиеш со неа, ќе станиш како нов!
Кафе:
Во светот: Пијалок
Кај нас: Пијалок со кој ќе ти се крени притисокО. Во чаша, стаклена, пластична, со лајче, без лајче. Можи да се пие со комшите, со роднини, пријатели, на состанок, а најпојќе во Битола на улица ,,Биди виден!” Во прилог оди пластично лајче кое задолжително мора да се вклопи во кабадајски аутфит и цаурска цвиќера. Се пие седнат со поглед на кај улицата.
Контејнер за ѓубре:
Во светот: Место каде треба да се фрлат отпадоци
Кај нас: Измислена именка!
Жена:
Во светот: Девојка, дама, убава, дотерана, модел, деловна жена, нежна жена, силна жена.
Кај нас: Домаќинка, дадилка, ,,средство” за едно или повеќекратна употреба, поим или машинерија за раѓање, работа и дефиниција за мултитаскинг. И фала Богу, љубовница!
Тетра пелени:
Во светот: Не постои таков термин
Кај нас: Три рала партали кои служат како некој вид ,,долен веш” за бебињата за да не му се оштетат колкчињата.
Во светот: колкчињата се правилни и без нив.
Кај нас: без нив сите се криво – леви.
Плата:
Во светот: Финансиски средства кои ги добиваш како награда за заслужениот труд.
Кај нас: Нема плата! Платата ќе закасни! Минимална плата! Неосигуран си! Пола работно време! Државна и обична плата! Ќути оти нема плата да добиеш! Зошто воопшто ти требат пари?! Се на се мисловна именка, дури и да не постои!
Пензионери:
Во светот: Богати стари луѓе кои на старост го шетат светот!
Кај нас: Само стари луѓе кои ги чувате дома и ги догледвАте за да му ја трошите пензијата. Најчесто, луѓе шо служат ко платежна картичка за плаќање на сметките.
Дискотека:
Во светот: Место каде што младите танцуваат!
Кај нас: Дупка кај шо сите стојат простум и се туркат низ гужви.
Недела:
Во светот: Ден за одмор.
Кај нас: Ден кај шо си приморан да ја слушаш комшивката со правосмукалката или вселенското летало од Југославија. Ден за пијанење на ливада и секако ден на ефтината струја!
Улична мода:
Во светот: Мода, дотерани луѓе, модни додатоци
Кај нас: Тренерки за до на бакал, пижами за в комши, штикли за на Корзо.
Во светот: Ремен
Кај нас: Опасач!