Најтешко било… Не да се глумиш себеси, туку да се откриеш, да се пронајдеш. Да се прашаш кој/а сум јас? И во крајна линија да си одговориш на прашањето: „Зошто постоиш?“
Низ страниците на „Разбуди се“, како апсолутно погодна текстура за творење со фреквенција од 528 Hz, еднаква на фреквенцијата на самиот живот, би открила една вистина. Во миг на синхронизирано „читање“, топло ви го претставувам мојот детективски профил. Не за да се пофалам, туку да ви раскажам како го градев тоа фамозно детективско досие. И ја играв улогата на вистински детектив. И бев во тој костим. Зошто?
Интересно е што… Уствари, знаете по кого трагав? По себеси.
Најтешко било… Не да се глумиш себеси, туку да се откриеш, да се пронајдеш. Да се прашаш кој/а сум јас? И во крајна линија да си одговориш на прашањето: „Зошто постоиш?“
Не се сомневајте. Костимот што го поентирав погоре и улогата (со сигурност од сто проценти), ги играв сериозно. Се барав себеси сѐ… Се дури не се судрив со совршен кафез. Кафез на сопствена мисла и разулавено его. И сето тоа, дури правев метафорички тури… На ролеркостер тури.
… И сѐ започна со истрага на една проста гатанка. Меѓу редови, имав впечаток дека секое следно разгонетнување е епски расплет со едно исто реторичко прашање: Се пронајдов ли овојпат? Зошто постоиш?
Збунета бев. Дефокусирана. И само што помислив оти конечно ја расплетив таа вечна гатанка, во ист момент донесов одлука. Одлуката се некако ми беше јасна и вака звучеше: „Тенкот да го поставам на пистата!“ Ама видов м н о г у авиони кои полетале во хабит на среќата! А јас одамна сум ги паркирала сите тенкови на таа писта. Уште овој фалеше. На погрешно место и во погрешно време. Пистата ми се чинеше убава можност за полетување. Ама не било така. Тенкот не е авион! Колку инфантилна и будалеста констатација. Ова дури и дете кое штотуку излегло од утробата на мајката, ќе го разбере. Тенкот не е авион, нели? Ама јас не видов! Wrong place and wrong time. Тенкот гази по демните. Авионот лета.
Намерно или случајно, не знам како се случи тоа. Ама она што го знам е дека „тогаш“, имав одбрамбен гард како да сакав некому да му порачам: „Дојди ако смееш и само пробај да го поместиш овој оклоп од железо!“. Ги стегав дланките толку силно, што наликуваа или пак беа потполно идентични со оние собрани и затворени прсти во купче кои добиваа форма на тупаница. И да, таа тупaница, спремна е да возврати на секој напад.
Патем, некој ми рече дека сум личела на мало дете кое си ја сокрило играчката во дланката, а ваму, упорно ја бара и не знае каде му е! А јас пак, си мислев дека имам перфектен одбрамбен гард. Како воин. Или пак се плашев дека ќе ми ја украдат играчката?!
Мојата долгогодишна детективска мисија вклучуваше неуморни напори да се пронајдат и идентификуваат празнините. Детективскиот инстикт, полека, ама сигурно, еволуираше. Ми овозможи да ги направам неопходните корекции и да се вратам во рамките на здравата реалност.
Арно ама, пред да успеам се вратам, бев детектирана во радарот на сомнителните и фатена во мрежата под следното обвинување: „секој мој изгубен сон и секој мој неисполнет холивудски и кој и да е друг стратешки план на „квази“ лидер, сум ги поставила во оклопот на железо за да експлодираат како темпирана бомба на онаа писта за која ви раскажував. Не ми беше јасно, кон кого целев и воопшто не ми беше гајле. Замислете! На пистата од која полетуваат само среќни патници.“
За жал, така беше. Не сум успеала да ја кодирам пораката во мистериозна шифра. Ме фатија! Ама, Си ја одлежав казната. И имав долго време за размислување.
Да се врати времето назад, знам како. Ама не се враќа.
Ама пак ќе речам, со тон на едно смирено и кротко ако. Вакво „ако“, не сум спознала досега. Всушност и не сум го употребувала во речникот на изразување. Никогаш не е доцна да сфатиш – Кој си и Зошто постоиш?!
Откако овој, детективот, ме пронајде, Јас разбрав дека пистата е скриена во мене. Во моите неприземјени, енормно, ама буквално енормно големи очекувања и раскинати мрежи на емоции и уште сепарација на одвоен ум и одвоено срце од целината на космичкото постоење. Зомби апокалипса! И многу, многу паркирани тенкови, на место, каде што не му е местото. Сама себеси сум се саботирала. „Сум го згрешила ролеркостерот“! Земјата ќе експлодираше. Среќа што ме пронајде детективот за кој ви раскажувам.
Ете така, се изнесов пред себе како главен лик во оваа епска приказна на самопронаоѓање. Велат сѐ се случува со причина. А таа е? Да се разбудиш во „Разбуди се“ и да си одговориш на прашањето -„Зошто постоиш“ , знам дека се прашуваш!
Се читаме на фрекфенција од 528 херци. Таа е толку моќна што може да обнови и ДНК.
Пишува Ромина М.