Зошто да јадете киви пред спиење? Ако имате проблеми со спиењето, можеби се фрустрирате со себе што парадоксално го отежнува заспивањето. Експертите препорачуваат, киви пред спиење.
Киви – природен асистент за спиење
Ова овошје содржи високи количини на серотонин, антиоксиданси. Консумирањето на киви пред спиење помага да заспиете побрзо и да имате помирен и подлабок сон. Една од причините за ова е високото ниво на антиоксиданти и серотонин во кивито.
Во кивито има фолати. Тоа се тип на витамин B (B 9) кој е клучен за производството и одржувањето на нови клетки во телото. Овој витамин игра важна улога во процесот на клеточната делба и синтеза на ДНК што е особено значајно за време на периоди на брз раст како бременоста и детството.
Кивито е одличен извор на витамин Ц и витамин К кои помагаат за зајакнување на имунолошкиот систем и подобрување на здравјето на коските. Здрави коски, мирен сон. За време на мирен и длабок сон, телото произведува протеини кои се борат против инфекции, воспаленија и стрес. Доволен и квалитетен сон овозможува продукција на овие важни молекули кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Мирниот сон и добриот имунитет се тесно поврзани и меѓусебно зависни. Истражувањата покажуваат дека квалитетниот сон игра голема улога во одтжувањето на силен и функциомален имунолошки систем. Здравиот имунитет придонесува за подобрување на квалитетот на сонот.
Заклучок
За да имате здрав и фукционален имунолошки систем, треба да имате мирен, длабок и квалитетен сон. За да си овозможите токму таков сон, јадете киви пред спиење. Нема да имате потреба од пилули за спиење, сирупи за подобрување на имунолошкиот – систем и дополнителни трошоци.