Одговорот го добивме од Amerisleep. Нивното истражување e спроведено на над 2 000 Американци. Прочитајте кој е најчестиот сон и каква порака носи?
Најчестиот повторлив сон е „паѓање“ со 53,5 % од учесниците кои го доживеале овој сон повеќе од еднаш. Други чести соништа вклучуваат бркање, враќање на училиште, неподготвеност за тест и летање.
Овде ви го откриваме нивното значење:
-Паѓање – симболизира емоционални падови или губење контрола
-Бркање – укажува на избегнување конфликти или обврски
-Назад на училиште – поврзано со стрес од работа или кариера
-Неподготвеност за тест – симболизира срам или вина за професионални или лични обврски
-Доцнење на час или работа – укажува на вознемиреност и нездоволство од професионалниот или академски живот
-Летање – означува слобода и надминување на пречки
-Смрт и умирање – симболизира затворање на едно поглавје и почеток на ново
-Паѓање на заби-поврзано со жалење за кажано или губење контрола
-Губење-укажува на чувство на изгубеност во некоја област од животот
-Вода-симболизира исцелување или опасности, зависи од контекстот
-Наоѓање пари-укажува на нови можности и позитивен поглед на животот
-Изневерување-симболизира чувство на запоставеност во врската
-Пајаци, змии или рептили-значењето зависи од личниот однос со овие суштества, често симболизира табу или повторно раѓање
– Парализа или немање на глас-укажува на чувство на заглавеност во животот
-Возење без контрола-симболизира чувство на губење контрола во некоја област од животот
Заклучок – Разбирањето на соништата може да ви помогне подобро да се разберете себеси и да се соочите со предизвиците во будниот живот. Ако продолжите да ги имате истите соништа, можеби е време да обрнете внимание на пораките што ви ги испраќа вашата потсвест.
Разгатнуваето на скриените пораки ќе ни овозможи да ги најдеме одговорите што ги бараме. Нашите стравови, желби или нерешени емоционални прашања ќе ги откриеме и без ни мал сомнеж, ќе ги решиме.