„Адамс Арт“ – Уметничко ателје и дијалог што ги поттикнува младите талентирани генерации да сонуваат, креираат, создаваат!

Кога една уметност е поттик и фундаментален потсетник за младите генерации, се развиваат најубавите креативни приказни.

Секое дете е уметник... Проблемот е како да се остане уметник откако ќе пораснеш.” Апро по на маестралниот Пикасо, уметник кој го победува времето и сеуште е нераскинлива нишка помеѓу тие светови низ историјата и денес, ќе се надоврзиме на денешниов текст. Имено, станува збор за една брилијантна дама која навистина ја креира приказната на задржување, растење и одново будење на уметноста кај секој човек. Анкица Стевановска со школата за ликовна уметност Адамс Арт оваа година ќе го прослави својот петти роденден.

Стевановска е академски сликар и ликовен педагог. Оваа дама со извонреден талент, е родена во Штип а живее, работи и твори во Битола. Нејзината амбиција е да ја поттикне креативноста кај луѓето. Да им ги отвори вратите на имагинацијата и играта со бои.  Активен учесник во многу проекти од областа на ликовната и визуелната уметност… Учесник во многу групни изложби и член на ДЛУБ.

Во монетов, Анкица ни раскажа дека работи на поголем проект. Станува збор за „цртај на Македонски јазик“ кој се вика ,,Сонувам во боја“. Проектот вклучува сликање на големи мурали во основното училиште ,,Св. Климент Охридски“.

Би рекле дека Анкица прославува во име на континуираниот културен и уметнички дијалог. Дијалог што ги поттикнува младите талентирани генерации да сонуваат, креираат, создаваат. Анкица заедно со своите помлади асистентки Ангела Дуковска и Дарија Стојчева продолжуваат со нивната приказна.

Ако препознаеме дека некое дете има талент за ликовна уметност, должност на возрасните е да го поттикнат кон усовршување на тој талент.Зашто ликовната уметност е појдовна точка за разни професии кои можат да ги одберат во иднина.

Имено, Адамс Арт е уметничко ателје кое нуди часови по ликовна уметност за деца и возрасни. Часовите најчесто се фокусирани кон цртање и сликање. Но, исто така вклучени се и работилници за креативни изработки и визуелна уметност. Вклучени се и посетите на музеи и институции од културата. А исто така и часови на отворено на одбрана локација. Со акцент кон фактот дека уметноста зборува на навистина ангелски јазици е и вклучувањето во хуманитарни акции со уметничките дела на школата.

Духот на уметничкото ателје ги води учениците во ликовната уметност. Во изучување на вештини за цртање и сликање со акрилни бои. Во препознавање на делата на познатите уметници и нивната биографија, препознавање на добро уметничко дело и создавање на правилна композиција.

Ателјето има и група за изучување на иконографија. Истата брои неколку членови на деца и возрасни кои сакаат да го научат византискиот стил на сликање на икони.

Паралелно со групите за ликовна уметност, ателјето организира и тим билдинг за возрасни. Ова зборува за исклучителната посветеност кон трендовите и инфилтрирањето на уметноста во бизнис секторот како линк помеѓу уметноста и деловниот свет. Најчесто соработува со компании кои сакаат да им понудат нешто необично на своите вработени. Тим билдингот опфаќа сликање со одбрана техника по договор. Опуштена атмосфера со тивка музика и чаша вино, идеално место за релаксација, забава и создавање на свое уметничко дело. Поводот за ваков настан може да биде и роденден за деца или возрасни или разни други настани.

Арт терапија е новитет кој се работи во ателјето. Се изразуваат емоции со боја, а се работи во помали групи.

Секое лето се нуди и летна школа за ликовна уметноста, за децата кои се ослободени од училишни обврски и сакаат да имаат квалитетно потрошено време, да научат нешто ново, техники на цртање и сликање.- истакнува Анкица -Освен настава, за децата се организира и летен камп во Грција. Секоја година на крајот од учебната година децата уживаат во спортски и уметнички активности покрај море