И така думавме на најтешката тема „животот“. И барајќи некои интересни иустрации на Pintereset, наидовме на скокотливи теми и занимливи илустрации кои сметаме дека ќе ве расположат и вас.
Во продолжение погледнете неколку од нив и наше е да кажиме оти изгледа и не треба толку думање. Нарочито не за животот!
–„Драго срце, те замолувам да престанеш да бидеш толку емотивно. Твоја работа е само да пумпаш крв!“
– „Ова дете одговара како шеф! Можеш ли да го нацрташ бродот? Детето на другата страна каде задачата е да го нацрта она што го гледа, одговоара со едноставно: „НЕ“.
-„Како може мозокот да се сети дека нешто заборавил?“ Ни би продолжиле, како е можно да се сетиш дека си заборавил, а не знаеш што е тоа што го заборави?
-„Ако ние не можеме да го гледаме воздухот, можно ли е рибите да не ја гледаат водата?“
„-Кажи ми нешто за себе?
Јас, обидувајќи се да се потсетам кој сум јас и што сакам?“