ЗЕМЈАТА ВО КОЈА давањето „БАКШИШ“ Е НАВРЕДА!

бакшиш е навреда во оваа земја

Јапонија e Земјата во која бакшиш е навреда

Во Јапонија, во рестораните и кафулињата, ако им дадеш „бакшиш“ на келнерите за услугата, тие ќе се навредат. Се разбира, оваа нивна реакција за нашиот балкански менталитет, е повеќе од малку несфатлива.

baksis

И ако „бакшишот“ е валута на благодарност за беспрекорната услуга, на овие наши простори и пошироко, за Јапонците, таа валута на благодарност не би била од материјална природа. Сосема доволно е да кажете-oishikatta (беше превкусно). Или пак да кажете – gochiso sama (ви благодарам, беше превкусно) и сето тоа со пристоен наклон.

баксисот во Јапонија ги лути келнерите

Ако случајно или намерно „се најдете“ во Јапонија, не чудете се ако при излегувањето од некое кафуле по вас трчаат келнерите да ви го вратат бакшишот. Сепак има место кое е „Надвор од правилото“. Во јапонските традиционални куќи. Таму патниците оставаат „напојници во плик“ за nakai sana (луѓето во кимоно кои припремаат храна). Но се разбира, под еден услов-само ако храната е одлично приготвена.