Зелената секогаш е инспирација. Под жешкото сонце, знае совршено да се вклопи во вашиот аутфит и делува како вистинско освежување.
Психолошки е докажано дека боите влијаат на нашето расположение, емоции. Знаат да растажат, разгневат, опуштат или во случајов освежат. Наш моден стилски предлог за деновиве под жешкото сонце и големите температури е бојата на животот, свежината, освежувањето. Погледнете ги овие модни комбинации и освежете го вашиот аутфит со стилски летни решенија кои ќе ги постигните токму ова лето.