Кафеавата боја можеме да речеме дека го наоѓа своето место во она што се нарекува евергрин класична мода. Во продолжение издвоивме неколку модели на здолништа кои на себе ја носат чоколадната боја.
Класичен модел здолништа и минимализам
Во ова удобно здолниште, текстурите се како мек слој на топла чоколадна глазура. Чувството на комфор и топлина потполно се усогласува со вашата женствена природа.
Елегантниот засек над левото колено ги прави чекорите грациозни и додатно ја нагласува женственоста. Нагласен е само еден детал кој наликува на мало џебно капаче. Поставен е неколку сантиметри на десната страна под половината. Истиот го обележува дизајнот и става печат на модниот стил.
Миди плисирано здолниште
Комбинацијата на овој модел што го следи т.н. концепт на буквата „А“ со кожна јакна е фантастична и секогаш ин. Дозволените аксесоари уште повеќе го засилуваат модниот ефект, но претпочитајте да бидат во загасити бои или едноставно играјте на варијантата на комбинација на само две бои. Секако, поентата е да дојде до израз кафеавата или чоколадната боја.
Сатен и плетена блуза – Кој вели дека ова е лоша комбинација
Сведоци сме на динамичното и фуризно модно движење на трендовите. Денес се едни, утре се други. Но, она што можеме да го посведочиме од скоро изминатите години, е дека удобноста е пред сѐ. Освен тоа, ако некогаш беше незамисливо да комбинираме матреријали, денес истото тоа се нарекува штосно. Овој пат нашиот избор е сатенско здолниште и петена блуза. Совршен спој на класичната елеганција и удобноста во зима.
Нема промаш со кожата како материјал
Кожното здолниште е секогаш популарно. Ок, можеби имаше краток момент кога беше аут, но сепак краток. Кожата се врати на големата модна сцена пред три, четири години и очигледно не планира да го напушти моментот кога таа брилира пред завесата. Кожно здолниште – Штосна класика и приказна што не завршува тука.