Сите велиме дека треба да го чуваме и негуваме детето во нас. Можеби повеќето се за седа коса, но веројатно не сме свесни дека во самиот,,пакет” со неа, доаѓа и она што се нарекува старост.
Дали токму тогаш ќе настапи разочарувањето дека се поминало и дека сме на залезот на животот. Како мотивација дека можеби не би било така, погледнете ги овие урнебесни фотки од дами во поодминати години и сепак сами заклучите која е личноста што ќе ја креирате тогаш.
Сепак можеби не би претерале како овие,,девојки”, но зошто пак да не? Велат ,, Моментот кога ќе сфатиш дека никому не му е гајле за твоите постапки и дека веднаш после крајот ќе те заборават, дури тогаш започнува твојот живот! ” Па… Веројатно никогаш не е доцна нели?
Не грижи се дали ќе остариш! Грижи се ако започниш да мислиш така! Затоа, во моментот кога ќе почувствуваш старост, направи го тоа што го мислиш!