Загадениот воздух е навистина алармантно нешто кое се случува, но некако сите го апстрахираме овој проблем. Мозокот е исклучително осетлив на недостаток од кислород. Бројни истражувања од страна на научниците, докажуваат дека воздухот и тоа како влија на нашата концентрација.
Дури и најсилните играчи во историјата на шахот ги трпат влијанијата на загадениот воздух.
Шахистите имаат објективно полоши перформанси и прават неоптимални потези, кога квалитетот на воздухот е низок. Веројатноста дека шахистите ќе направат грешка се зголемува на 2,1 процентен поен, а големината на тие грешки се зголемува за 10,8%.
Исклучиво во амбиент на чист воздух се активира логичното размислување.
Хуан Паласиос, економист во лабараторијата за одржлива урбанизација на МИТ и коавтор на трудот „Квалитет на воздухот во затворените простории и донесување стратегиски одлуки“, вели: „Откриваме дека поединците кога се изложени на повисоки нивоа на загаденост на воздухот, прават повеќе грешки и прават поголеми грешки.“
Научниците користеле три веб – поврзани сензори во местото на турнирот за да го измерат јаглеродот диоксидот,загадениот воздух, концентрациите на PM2,5 и температурата. Сите тие можат да бидат засегнати од надворешни услови дури и во затворен амбиент.
Балканот е светски првак во загаденост. Оваа ситуација ни е позната одамна, особено во главниот град Скопје. Но, се некако проблемот се заборава и не му обрнуваме внимание на истиот, се додека не дојде зима. И секако се додека не настанат некои поголеми проблеми. Тогаш веднаш се менува „каналот“ и се слуша за загаденоста на воздухот. Очигледно, на овие простори, тешко ќе го матираме противникот!