За Денот на жената -Креативни идеи за подарок што никогаш не би ви паднале на ум

денот на жената

За Денот на жената се случува „јуриш“ низ продавниците. Се пребарува низ сталажите со чоколади и картички за честитка со кои ќе се изрази љубов. Ќе се изрази благодарност и почит кон жената. Но, вие барате нешто повеќе -идеја што ќе го воодушеви вашиот примател.

Замислете го следното: вашата најдобра пријателка,  вашата мајка, сопруга, за денот на жената, очекуваат уште една книга, парфем или букет цвеќе!  Но, вие одлучувате да ги изненадите со нешто што немаат ни малку на ум.

денот на жената

денот на жената

денот на жената

Ако вие сте посилниот пол и сакате да ја изненадите својата сакана, со свои раце создадете егзотична вечера во вашата комфор-зона на денот на жената.

денот на жената

Додека пак ако сте жена и сакате да ја изненадите пријателката, соседката, мајката и во било кое друго својство, направете нешто автентично. Ако имате вештини во плетење, исплетете мрежа од коноп  како обвивка на саксија за цвеќе и истата наполнете ја со листови  од зелена вуница. Плетивото може да има и форма на срце како дополнителен украс во кујната или пак исплетете шарена  „фаќалка за жешко тавче“ која има и практичен ефект. Можете да направите и своерачна, интересна слика за  ѕид со елементи и ресурси по ваш вкус. Препуштете му се на имагинацијата. И ако сте умешни во правење кошнички, исплетете ги и наполнете ги со колачите на вашиот личен потпис и печат. Може и да извезете престилка со графички приказ на оригинална порака. Може! Сѐ се може со љубов.

И за нејзината вообичаена рутина и убавина, нешто што оди надвор од секојдневието: ваучер за спа-центар, закажување термин во фризерски салон и мала „шопинг екскурзија.“

Како и да е, ако овие идеи не е возможно да се реализираат од било која причина, сосема е доволно да подарите еден убав каранфил, една мала книга со интересна приказна, широка насмевка и голема благодарност и честитки за жената, мајка, кралица. Во крајна линија, доволна е една силна прегратка на денот на жената.

пишува Ромина Марковска