Во југото на Мими – Зоки Паркет

Во југото на Мими се повози нов гостин, а наше е да најавиме.

Стално автентични со уникатен стил ,,,Паркети” уште распалват на музичката сцена. Рокенролот е појќе од музика. Ние би рекле, животен стил, енергија, емоција на висока фреквенција, позитива. Да не се лажиме, скрос уметност. Во југото на Мими денес се повози Зоки од ,,Паркети“.

И си попраја муабет за музичката кариера, за животО во тО време, времето кога го создадоја познатиот бренд – Паркети. Се збораше за тО како се облеквале, шо и каков стил негувале. И меѓу редој Зоки си призна оти имал урнебес модни избори и необични стилски парчиња облека. (Ваљда денес сето то оправдано ќе биди од овие инфлуенсеркиве оти богами уште со гашти над пантољи шо не се шетаме).

Фала Богу цел тој аутфит мораше да биди скоцкано, па во име на рокенролот и екипата, Зоки стварно секогаш имал необичен изглед. Дури во една прилика, носел женски чорап на глА…

И ко сме кај уметноста и филмојте, во то некое време се тепал филмО на Чарлс Буковски. Се праеле поетски вечери, се читале и рецитирале песни.

Хардкор ,,лајф” и стварно интересни моменти. Зоки е исполнет и среќен човек, а од она шо ние би го заприметиле, е дека тој е скромен човек со фокус кон добрата страна на светот. Меѓу другото е и професор по историја во Медицинско училиште Битола и респектиран педагог. Еден од ретките луѓе шо никогаш не се жалат од работниот Понеделник и со кеиф оди на работа…
И тантара пантара, пак ве заглавивме тука со муабет, а знајме оти немате трпение со читање и букви. Ве оставаме да уживате во најновото видео на Мими.
YUGO – Zoki – Parket