„Палам на трето југото, на прво запали!“ – Мими YUGO со уште едно урнебесно видео!

Позитивен, насмеан и стално урнебесен! Мими со неговото YUGO, со уште едно видео ни го испрај денО. Овој пат, Ирина Кузевска е гостинка во „Јулијана“. (името на југото на Мими, за тој шо не знај.)

– Ќути запали од прва! – Вели уште од старт на муабетО Мими и веднаш сподели една шега: „Палам колата не пали, палам на второ не пали… Палам на трето, на прво запали!“ Имено, за тие шо се „бунтоват“ оти Мими нема интро во неговиот поткаст YUGO. Да разјасниме оти финтата не е во препознавањето на гостите во првите секунди. Кога го праел самиот концепт за моментално една од најпопуларните емисии, поткаст – YUGO, идејата му била преку спонтан разговор да се открие кој е гостинот.

Мими со неговото YUGO

„Разбуди се“ го поддржува за идејата. Стварта е да се доближиме до муабетО, да го пратиме развојот на приказната.

Имено, во југото на Мими овој пат се вози една убава битолчанка. (А богами како шо вели и Мими, до сега во yugo, нема „качено грда“ битолчанка.) Ирина сподели дека била дел од модни ревии, фотосесии, а најинтересен проект околу тие искуства кои за Ирина ќе останат запаметени, е соработката со групата Паркети.

Мејџу другото, денешната гостинка на Мими yugo e и дипломиран психолог. Зборувајќи за искуството, таа тврди дека освестувањето започнува токму од таму.Од тука, со класична битолска автентичност и се разбира битолски сленг, дијалект, Ирина ќе речи: „Дури не те акни нешто од земја не можиш да се свестиш!“

Ирина гласно зборува дека секој треба да посетува психотерапевт и психолог. Таа одговорност зборува за емоционална и ментална хигиена.

Има и многу други јакички муабети во разговорот, па зато не мора многу тантара пантара од наша страна. Во продолжение видете го видеото и уживајте во видеата на Мими yugo.