Елена Јовческа во YUGO

Фолк пејачката и гајдаџика Елена Јовческа, се повози во јулето. Иначе, оваа дама е добро позната кај публиката по тоа што свири гајда. И да, стварно создава неверојатна музика како и одлична преработка на македонски хитови.

Елена Јовческа во југото низ опуштен муабет се пофали за нејзината кариера, зборна за почетоците и љубовта кон музиката.

Но, освен таа љубов, сепак фолк ѕвездата изјави и нешто интересно. Нешто шо ваљда треба да биди репер за сите оние кои се занимаваат со музика. Како и оние кои се дел од културно – уметничкиот свет воопшто.

Дај му го на публиката она што го сака, не она што само ти го сакаш.

,,Можи јас сакам да настапувам со песна од Селин Дион, но дали тоа го сака публиката?! ” – рече убавата Елена. Ова е доволно интригантен муабет за сите изведувачи кога е во прашање сценски настап. Поентата не е во тоа да се покажат колку умеат, ами да ги забавуваат сите оние кои се дојдени на тој настап. Од тука, би заклучиле дека ова е стварно благотворна работа особено оти целта е да се извлечи насмевка и уживање од оние кои гледаат.

Аплаузот е неминовен ако ја наградиш публиката, ако им го дадеш она што тие го очекуваат.

Меѓу другото, Елена Јовческа гласно зборуваше за љубовта кон Македонија, за нашата убава традиција и за тоа колку ние како народ го негуваме и цениме сето тоа. Колку и дали сме свесни шо имаме?

Иначе на сред емисија југото на Мими закочи, а се разбира главни виновници беа екипата на Pomelo TV кои со далинско управуваа со Јулијана. Од ко помина паниката, во југото се засвири и на гајда и епска македонска песна ечеше во центарот на Прилеп.

И така ЧОЕК, шо велат Прилепчани. За што ЧЕ се зборува ЧОЕК, че си видите во видеото подолу во текстот. Уште еднаш, Елена Јовческа во YUGO!