Талент си е талент и така Александра Јанева го покажала афинитетот за пеење уште од мали нозе.
Јако е оти не почнала со зборање, ами со песна. ,,Милке душо” е првото нешто шо го запеала. Јанева го сподели овај интересничок детал, али како публика се разочаравме оти сето то било евидентирано на касета, ама сега го нема. Е сеа знајме оти касетите не трат, па не можиме да го видиме тој момент.
Мислам замисли, да ти започни животО со песна. То е то. А баш по ова се гледа оти Александра Јанева е позитивен чоек со позотивен и оптимички став. Полна со живот, со убава енергија и амбициозен пристап. Јанева е докажана поп пејачка и брилијантен уметник. Понатаму, првиот контакт со музиката и бил со виолина, па приказната била јасна.
Брокен струмичко – битолски и едвај се разбраја со Мими. Пејачката си ја отвори душата и раскажа детали за својата кариера, како и приватниот живот. Меѓу другото, Јанева потенцира оти е шофериште веќе 2 години и не знајме како, али овај нашио Мими се кандиса и остај друг да стои зад воланот на југото. Кизнеј колку го има стегнато срцето, али така иди некогаш. Го кладе во небрано пејачката со еден муабет:,, Сакам и на југото да му се пробам. Ќе ми дајш?! “. И ај да не се резили пред камери, Мими мораше да попушти. Каков шофер е Александра Јанева, видете го видеото до крај и заклучете сами.