Февруари е само уште еден месец, но има многу романса и љубов во него. Има и историја во февруари, која едвај чека да биде откриена.
Февруари е препознатлив по Денот на вљубените. Овој световен феномен има древно потекло. Од древните римски празници на Луперкалија (3 000 година пр.н.е.), посветени на божицата на плодноста, до средновековните обичаи на паровите да си разменуваат љубовни пораки и подароци.
Месецов, флуктуира помеѓу 28 и 29 дена годишно. 29тиот ден се случува само на секои 4 години за време на престапната година.
Должината на месецот беше финализирана кога Јулиј Цезар го преправил римскиот календар . Во 713 п.н.е. официјално бил додаден во римскиот календар како таков.
Ако сте родени во февруари, вашиот роден камен е аметист, а вашите цвеќиња се темјанушка и јаглика.
Со текот на времето, должината на овој месец, постојано се менуваше. Во еден момент имаше само 23 дена!
На северната хемисфера, ова е третиот месец од зимата. Во меѓувреме, на јужната хемисфера, тој е последниот месец од летото. Помеѓу северната и јужната хемисфера, февруари е еквивалент на август.
Името доаѓа од латинскиот збор „februum“ што значи прочистување.
Тој беше именуван по ритуал на прочистување кој беше како раноримски пролетен фестивал за чистење.
На велшки, февруари понекогаш е познат како „y mis bach“ што значи -мал месец.
Февруари и јануари беа последните месеци кои беа додадени на римскиот нумерички календар.
Саксонците го нарекле овој месец „Сол -монат“ што значи „месец на колачи“, бидејќи во овие денови, им принесувале колачи на боговите.
Од сите зборови што можете да ги погрешите, ова е еден од најпогрешно напишаните зборови на англиски јазик. Дури и Белата куќа претходно погрешно го испечати борот „февруари“ во соопштение за печатот.
Овој месец е единствениот месец каде што е можно да се помине цело време без полна месечина.
Шансите да се родите на 29ти февруари се околу 1 на 1.461. Родените на престапниот ден се наречени „прескокнувачи“.
Овој месец, март и ноември секогаш започнуваат во ист ден во неделата, освен ако не е престапна годината.
Тоа беше во февруари, 1964 година кога Битлси го направија своето прво американско телевизиско појавување на „Шоуто на Ед Саливан“. Гледале над 73 милиони Американци!
За жал, на 1ви февруари, 2003 година, вселенскиот шатл „Колумбија“ се распаднал при летот, при што загинале седум членови на екипажот. Се претпоставува дека несреќата е последица на штета при подигнување. Трагедијата се случила на само 16 минути пред да слета шатлот.
Ете така, дури и во најмалиот месец од годината, се случуваат големи нешта! Да го исползуваме месецов паметно, пред да ни одлета. Можеби и ние ќе ставиме некој печат во историјата на февруари!