Византиско сино-Оваа боја вредела исто колку злато

 Да, „византиско сино“ не е само филм од 1993 година на Драган Маринковиќ туку најдрагоцената боја која светот некогаш ја познавал. Оваа боја, создадена од редок камен, вредела исто како и златото и со векови била симбол на чистота и божествена светлина.

Тајната зад највредната боја – византиско сино

Византиско сино се добивало од лапис лазули – полускапоцен камен кој се искористувал во рудниците на Авганистан. За да се добие овој уникатен пигмент, каменот се дробел во фин прав и се мешал со природни состојки како пчелин восок и гума арабика. Процесот бил сложен, долг и крајно скап што резултира со боја на вистинска реткост.

Византиското сино или неговиот еквивалент познат како ултрамарин, се користел и во повеќе земји, особено во уметноста на Средниот век и Ренесансата. Еве примери:

Македонија

Византиското сино има поврзаност со Македонија преку периодот на Византиското Царство. Во овој период, бојата била широко користена во цркви, икони и царска облека. Манастирот Свети Пантелејмон (Охрид) чие градителство датира од 11-ти век е добар пример на присуството на византиското сино во Македонија, особено на иконите и фреските.

Србија

Во средновековна Србија, византиско сино го красело небото на фреските во манастирите како Грачаница, Студеница и Сопоќани. Се користело и за осветлување на ракописи, каде што украсите и почетните букви го добивале својот раскош благодарение на овој пигмент.

Италија

Во Ренесансна Италија, ултамаринот бил симбол на раскош и се користел за најзначајните дела на мајстори како Микеланџело, Рафаело и Леонардо да Винчи. Оваа боја го красела облекувањето на Девицата Марија – симбол на чистота. На пример, „Мадоната на карпите“ на Леонардо вклучува ултрамарин за да го нагласи нејзиниот божествен карактер.

византиско сино најдрагоцената боја во историјата

Франција

Во готските катедрали на Франција, византиско сино (ултамарин) бил користен за изработка на витражи. Најпознати примери се витражите во катедралата Шартр, каде што длабоката сина боја го симболизирала небото и бесконечноста.

византиско сино е најдрагоцената боја во историјата

Англија

Во Англија, ултамарин го красел осветлувањето на ракописите на средновековните скрипториуми. Познат пример е Линдисфарнскиот евангелиум цхт скрипториуми каде што богатите сини тонови го нагласувале значењето на текстот и верскиот карактер на делото.

Индија

Во Индија, сличен пигмент бил користен за минијатурно сликарство во периодот на Могулската империја. Лапис лазули, донесен од Авганистан, се користел за создавање на сложени илустрации со неверојатна деталност.

Кина

Во кинеската уметност, синиот пигмент бил вклучен за изработка на порцеланот познат како син и бел порцелан од времето на династијата Минг. Лапис лазули понекогаш се користел како основа за пигментите насликани на керамиката.

Секоја од овие земји го прилагодува пигментот на својата култура, симболика и естетика со што историјата на византиско сино е уште пофасцинантна.

Зошто е толку посебна?

vizantisko sino e najdragocenata boja vo istorijata

Цена како злато: литар византиско сино вредел исто како килограм злато.

Издржливост: фреските обоени со оваа боја го задржуваат својот сјај и по стотици години.

Симболика: била резервирана само за најважните религиозни мотиви и царски наредби.

Византиско сино – одраз на божественото

Оваа боја не е само материјал. Византиско сино е легенда која сведочи за уметничката и духовна величина на минатото..

Нејзината уникатност ја прави бесмртна, претставувајќи врска помеѓу земното и божественото.

Дали и вие сте фасцинирани од приказната за најдрагоцената боја во историјата?

пишува и прашува: Ромина Марковска

[post_tags]