Откриен нов вирус? – Уште ова ни фалеше!

virus вирус

Научниците открија вампирски вирус наречен MiniFlayer

Во март 2020 година, научникот Тагиде де Карваљо видел нешто многу чудно, што никој претходно не го видел. Вирус. Згора на него друг, помал вирус што му бил прикачен на неговиот „врат“. Приказната зад ова откритие е вистински показател за тоа колку науката може да биде неверојатна, пишува Вашингтон пост.

Двата вируса што таа ги видела биле бактериофаги. Вируси кои инфицираат бактерии и биле собрани од грутки од прашина во градот Пулсвил, Мериленд, САД. Бактериофагите или фагите се меѓу најраспространетите организми на земјата. Има неколку милиони од нив во грутка прашина, на пример.

Преку електронски микроскоп, Де Карваљо видел бизарен момент. Како кога фотограф на сафари да сними некое животинско однесување кое никој не можеше да го очекува.

Карваљо, кој работи како директор на лабораторија на Универзитетот во Мериленд, ќе забалежи:

-Сум видел стотици вируси со кои овој помал вирус се закачил на „вратот“, а тоа секако не било случајно. Знаеме дека вирусите можат да направат неверојатни работи. Но, ова е нешто што никој не можеше да го предвиди.

Во неодамнешниот истражувачки труд објавен во Журналот на Меѓународното друштво за микробиолошка екологија, де Карваљо и нејзините колеги дадоа можно објаснување за формирањето на ова вирално дуо.

вирус
virus

Помалиот вирус ја изгубил способноста да прави копии од себе во клетките (вака се репродуцираат вирусите). Кога тоа се случи, еволуцијата направи паметно, паразитско „заокружување“. Овој мал вирус користи друг, поголем бактериофаг, кој се држи за неговиот „врат“, а кога заедно ќе влезат во клетката, помалиот вирус ја користи генетската машинерија на својот „домаќин“ за да се репродуцира.

Мангупска работа, нема што, ама во наводници. Ова би го крстиле „шлепање.“

Де Карваљо го споредува овој однос со „автостоп“. А нејзиниот соработник Иван Ерил, биолог, го споредува со вампир кој ги потонува забите во својата жртва. Не е совршена аналогија, но тој вели дека понекогаш кога ќе пронајдат поголем вирус без помал, наоѓаат и „траги од каснување“ каде што бил закачен помалиот фаг.

„Вирусите можат да направат сѐ. Тие се најкреативната сила во природата. Ако нешто е можно, ќе го направат тоа. Но, никој не предвидуваше дека можат да го направам ова.“ – вели Ерил.

Откритието е направено додека работеле со студенти, кои имале задача да ги научат основните лабораториски техники – како што е изолирање на фагите од примероците од почвата. Де Карваљо работеше на оваа програма во изминатите 7 години и вели дека за многу студенти, гледањето бактериофаг е многу возбудлив момент – „како кога родителите за прв пат гледаат видео од нивниот фетус“.

Во овој случај, студентите Џенел Луис и Хира Ахмед го изолираа својот бактериофаг во 2019 година, но секвенционирањето на нивниот геном им даде чудни резултати, што укажуваше на некаква контаминација. Кога Де Карваљо го погледна вирусот преку микроскоп, виде два вируса, а не еден.

„Виросферата“, како што научниците го нарекуваат чудниот универзум на вируси, содржи елементи што ги нарекуваат „сателити“, кои ја изгубиле способноста да се реплицираат внатре во клетките. Обично „сателитите“ го решаваат ова со интегрирање во геномот на клетката што ја инфицираат. Тие потоа се „кријат“ внатре додека во ќелијата не се појави друг вирус, „помошник“, кој ги содржи состојките неопходни за репликација, а потоа тие „излегуваат“ и прават копии од себе.

И овој „вампирски вирус“ е „сателит“. Но, не и типичен, бидејќи нема способност да се „крие“ во клетките, па мораше да најде начин да биде во клетката истовремено со нејзиниот „помошник“.

Во природата има многу, многу помалку бактерии од бактериофагите, нивните предатори, и тие постојано развиваат еволутивна одбрана против нив, но и вирусите постојано се прилагодуваат.

Научниците се фасцинирани од фагите и се работи на нивно користење како терапија против бактериски инфекции. Оваа можна терапија може да стане клучна, поради сè пораспространетата отпорност на антибиотици.

…Ах, тие вируси! Од ум не извадоа.