Видете се себе си за 10 години, и таму ќе стигнете и многу порано

Личен инженеринг, задоволство со себе си и со сопствениот живот- Може ли човек да постигне себе задоволство и исполнетост? Има ли добра формула?

Еден млад човек, за жал не добива доволно информации за воспоставување на сопствен внатрешен инженеринг. Ние возрасните или не знаеме или немаме време да им пристапиме, заборавајќи дека младиот човек нема искуство и нема нити ставови или изградено мислење за себе си голем број од најобичните животни предизвици, токму поради немање на добри совети или немање на искуство.

Нема ништо невозможно за тебе, речи и на планината да се помести, и таа ќе се помести“- христијанска изрека.

Сите ние и кога умираме секако дека не сме изградиле многубројни ставови, кои ете токму нам не ни се случиле, што е многу нормално, за еден живот неможе да се доживее се.

Основни теоретски компоненти и претпоставки за човекот според Парсонс (амерички социолог) се следните:

1.Човекот е целина и претставува: тело, емоции, мисли, осети и перцепции, коишто се во меѓусебно делување.
2.Човекот е дел од средината и неможе да посматра надвор од неа.
3.Човекот е повеќе проактивен од реактивен, тој ги избира своите реакции на надворешните и прориоцептивните дразби.
4.Човекот е способен да биде свесен за своите осети, мисли, чувства и перцепции.
5.Човекот е способен да прави избори затоа е одговорен за своето прикриено или очигледно однесување.
6.Човекот има потенцијали за да живее ефикасно и ги задоволи неговите потреби потпирајќи се на себе.
7.Човекот може да се доживее себе си само во сегашноста. Минатото и иднината се доживуваат во сегашноста само низ сеќавањет или предвидувањето.
8.Човекот во суштина не е ни добар ни лош.

себе си

Дали животот е еден голем тренинг, или еден голем ринг? Како ќе си го замислите така ќе го живеете. Се зависи од вашето освестување и духовен и ментален раст.

Може ли човек да се спознае себе си, без да ги спознае другите? Или може ли човек да ги спознае другите без да се спознае себе си? Се чини дека спознанието е взаемен процес. Не може да се воспостават ставови, ако нема некој друг за да се согладаат , споредат, реализираат, за да се преживее и доживее ситуацијата и да се воспостави ставот кон одредена ситуација.

Многу важен е моментот на некоја возраст од дваесетина години, некој од нас, постарите генерации, родители, професори да ги поттикнеме младите луѓе да креираат внатрешен индивидуален инженеринг, или поедноставно кажано, да се видат себе си какви сакаат да бидат како личности, и кои резултати сакаат да ги постигнат. Со чесно и реално поставени цели, полесно би се трасирал патот, и би се согледувале препереките и потешкотиите и пред да се случат понекогаш. Со свесноста полесно се креира личноста, но и задоволството е составен дел од ситуација во која се одредуваат чекори кон кои се движиме.

Видете се себе си за 10 години, и таму ќе стигнете и многу порано
Дијана е прекрасна млада жена на 35 години и е вработена во едно Министерство на добра позиција.

Има многу пријатели, контакти, и почит од колегите. Зад нејзиниот грб има гласина дека како девојка била многу темпераментна, и посегнала и по наркотици… Со што нејзиниот татко се намачил за да ја извлече од сите тие „младешки глупости“. И „добро е што се извлече“, велат нејзини сограѓани. Колку и да е успешна „морланиот суд“ (мислењето, кое се создало од нејзините постапки) секогаш ќе додава сомнеж во нејзиниот квалитет. Таа не воспоставила сопствен инженеринг во годините во кои јавноста започнува да „суди“ и да воспоставува став и мислење за личноста. Секогаш не пратат нашите дела/злодела, и таа социјална меморија не прати цел живот.

Што побргу го освестиме нашето битие, тоа посигурно ќе чекориме во животот. Животот кој е многу убав и исполнет со предизвици, каде се е возможно. На сите во еден живот ни е овозможена оваа планета и се што ќе замислиме можеме да исполниме.