Приказна за пијанио чичко кој го има на сите свадби! – Ново видео на Mimi YUGO

Позитива и енергија… Некако така се осетивме дури го гледавме ова ново видео на Mimi YUGO. Секако енергијата доаѓа од ној кој ја води емисијата. Oд Мими и се разбира од џамојте низ кои циркулира воздухО или климата шо е рачна…

Ама овој пат најповеќе доаѓа од гостинската. Станува збор за Тамара Стојковска, пејачка од Битола.
Имено Тамара ги завршува студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсек музичка теорија и педагогија, а потоа полека стана дел од музичкиот свет и уметноста. Во видео на Mimi – YUGO, двајцата соговорници споделија дека имаат бројни соработки и музиката е онаа која ги поврзува.

видео на Mimi YUGO

И откако си помуабетија околу кариерните планови (за малку „карираните планови“ ќе напишев), Тамара сподели со публиката, според нас, важно инфо. За оние кои сакаат да се занимаваат со оваа дејност и да го освојат овој пазар, пејачката советува дека во поглед на маркетингот, промоцијата на песните и слично, треба да се заангажираат сами.

(Со други зборој), ако не си завршиш сам работа, никој не те рецка.

Скрос се согласваме со гостинката на Мими, па и ние се укЉучваме на советот. Се лепиме, се надоврзваме…Како се вели де? Се разбираме… Воопшто не е срамота да се промовира извесен труд кој сме го работеле со месеци, а некогаш и со години. Наместо да сме скромни, веројатно напротив треба да бидеме гласни.

…И да не должиме многу, сѐ си има натаму во видеото, ама пред да го видите, ние пА да си го прераскажиме најјакио муабет. Станва збор за искуството на Тамара со нејзиниот бенд. Имено, станувало збор за свирка на свадба, каде задолжително има пијан чичко кој се разбира сака да пее. А едноставно не смее да пее. Не треба да пее. Е токму тој чичко се обиде да го земи микрофонот од рацете на Стојковска, али што се деси понатаму…погледнете во видеото подолу во текстот.