Сашо под стрес за новата врска во видеото на Марјан Георгиевски
Е то е…Мораше да дојди и тој ден. Мораше да пријавам и јас невеста. Да можев ќе се маткав уште, ама ај доста е… Само кај ќе ја клајме да спие? Ах бре Сашо бре! Жана вели во салонот, а јас си велам в детска кај мене. Е добро де, така ми остана детската уште да си ја викам, ако сто години маж сум напраен. (Фото подолу – Screenshot, видеото на Марјан )
А инаку за Елеонора… Уба е…Ама многу ме мачи бе…Стално под туража ги прај работите. Ми врши притисок значи без потреба.
Требало да сме псоериозни, да живејме заедно, да не знам шо. Шо му е бе шо му е на oвие жените? За шо брзат да се мажат значи стварно не ми е јасно? Не за друго, се знај која е целта… Да завршиш ко Жана со тулумби од сабајле, со комшивките чат пат на топла ракија или кафе и со правосмукалката од јутра до сутра. Да споделват рецепти и со елеко од баба му да се шетат низ куќи. И сите си имат по еден таков примерок ко Жана по дома и пак не му е јасно. Пак за мажачка думат. Нас ни е сеедно, ама тие го вршат притисоко за после пак да речат: „Ах се зацрнив шо се мажив! Ме јадовте цела куќа“
А ко ќе дој па тој денО за свадба, леле бе кој ќе ги слуша цела куќа.
Па то тука цели планој ќе се прат за свадбата. Жана цела година ќифли ќе меси, ќе се шаштисват за кредити. Ќе се урла дали Целе од Пашиноровци, (петти брачед шо му паѓал на Раде) да го викниме на свадба. Можам да замислам и со поканите шо ќе се дешава. Дали да биле розеви или не. Нора ќе сака црни поуникатни оти по ОУПЕНД МАЈНД е, а Жана пинк. Па тука за тортата ќе има расправии…Дали ќе биди на три спрата или пет спрата. Ќе ме напнат знам. Саше златно дете спремај се од сега. Ќе има циркус околу кафаната. Која да биди салата, шо музика да има.
Нора можи нешто лабаво ќе сакат, овие дури не ја запеат „Врана коња јавам јас“, нема да се деси свадбата.
Уф…Можам да ги замислам…Жана од 5 сабајле ќе се закажи на фризер за да му напрат една погача на гла, ќе клај некои пулејки и прва оро ќе витка. Фала Богу ќе се истури од плачење…Не оти ќе биди емотивен моментот, ами ќе се „кокони“ пред комшивките…Фала Богу та ќе биди центар пажња. И Каја ќе сака да е во центар на внимание. Кизнеј шо панделка ќе опни на гла. А ко ќе размислам со Каја можам да заштедам. Та ќе ја снима цела свадба и лајф ќе оди се.
Хм…Ќе треба да организирам и брза помош да чека пред кафана за секој случај за Славољуб.
А и Раде ќе му се докачи притисоко гарант… Не од друго, од есапо ко ќе го види. За ова со духовноста и мудростите низ дома шо ги кажва, за Милена…Не вервам дека воопшто и ќе се појави на свадба. А ако дојди ќе се истопори на главната маса…И ќе седи во ќошо. Можам да ја замислам…Во црно цела облечена.. Ќе хејта цела вечер. На еден начин и та ќе сака да биди центар внимание. Ќе сака и баба ми. Ќе го тера Раде песни да порачва оти ќе ја фатат емоциите оти внуче жени. И така, сите ќе бидат главни на свадбата, а јас…
Како и секогаш во позадина, ќе си велам…Ах бе Сашо бе Сашоо… Шо си напрај бе Сашо? Али ехее кај заминав…Да почниме од старт. Вчера им соопштив на мојата драга фамилија дека имам женска… И то не беше толку страшно, ама ко ја видоја оти има тетоважи и сина е фарбана во косата се крена капачката… Добро сега, малце се стиши ко им кажав дека 1500 евра заработва ама… Да не должам многу, во видеото на Марјан Георгиевски, погледнете како започнува мојата љубовна балканска приказна.
п.с. Муабето на Сашо го прераскажа Елена Трпковска Наумовски и фала Богу видеото е на маестралниот Марјан Георгиевски!