Како до совршено видео – Штосни совети кои ќе ве направат професионалец!
Доколку фотографирањето и снимањето видео е вашата пасија, хоби кое го имате или може сакате да го практикувате, вие сте на вистинското место каде може да наидете на вистински совети.
Сведоци сме на динамичното време во кое живееме. Рапидниот свет во поглед на технологијата го дигитализира секое поле од нашето живеење. Моментално, дигиталниот маркетинг е токму оној кој е во најголем подем.
Но, сѐ започнува од она што ќе го перцепира окото. Сѐ започнува од визуелното, а потоа следи мајсторијата на концептот на буквите.
Фотографијата и видеото се всушност сложен процес. Тие треба да раскажат цела една приказна, да пробудат емоции, да видиме нешто што не сме го имале сретнато. Најпрво, би се разгледал психолошкиот момент. Што е она што го бараат луѓето? кКако да го рекламирам мојот производ? Дали бојата можеби ќе влијае и дали истата е маркетиншки штос? Каде всушност се крие маркетиншкиот трик?
Откако ќе се разгледаат сите овие прашања и секако откако ќе се даде вистинскиот одговор, после бројни истражувања, можеби може да започнете.
Но, сепак не е туку, така лесно. „Земи и снимај“. Секако модерните телефони ни се толку достапни и секако со нив може да направите уникатно и автентично видео и фотографија. Креативноста е онаа која најпрво треба да ја имаме во предвид. Но, она што е најважно, особено за денешните млади, што всушност зборува за еден психолошки момент, е фактот кој дели совети дека тоа видео треба да биде кратко и ефектно.
Видеата треба да бидат кратки е ефектни!
Станува збор за трпението кое веројатно сме го изгубиле и денес не можеме да се концентрираме на тие долги видеа. Не можеме или не сакаме? Некако трката со време, динамиката и бркањето околу престигнување на обврските не инволвира во тој механизам, каде сакаме да биде се ефективно и да не ни одземе време. Ем брзо, ем практично. А и да научиме нешто од тоа.
Апликациите за монтажа се исто така достапни и прилагодени за секој оној кој сака или има потреба да се занимава со ова. Да не должиме многу (а да бидеме искрени, се зазборувавме и сигурно не сте стигнале до овде во текстот зашто ќе сте го изгубиле трпението), во продолжение погледнете некои тактики за снимање на добро видео. Под каков агол да го наместите телефонот за видеото да резултира како најуспешно.