„Спојвам беќарчиња и стари моми“ – Ново видео на Марјан Георгиевски

Плус 50 степени, ама Жана клима не пушта. Ги вентилира собите и се трпи и со притисоци. Кафето се шмрка, традицијата продолжува. Жана и Мирето на Марјан Георгиевски и на жешкото муабетат.

До душа потојни ја искинаја Мирето в полојна, се плаши да не изнастини и ама то е… Живечката мора да се одржава и во најновата епизода и видеото на Марјан Георгиевски, а понекогаш и кафето е лек за сѐ. Е сеа на муабето за климата и Жана како змија с’ска, па ја мава в клизачи комшивката: „Вие не вентилирате, на пуфлојна ви мириса стано“.

Епа богами нe се замарат овие со чакатитe, кога да ја пуштат струјата. Кога е скапата, кога е евтината е прашање шо ретко се поставува од снобојте, туку друг е муабето. „За секое лонче има капаче. “

Така ова морнинг кафе, се отвара темата љубов. А ова комшивката, се пофали оти има нов бизнис. И фала богу, мора да се разработи. Ги спојвала преку фејсбук овие немажените неженетите. Група напрајла некоја за скршени срца. И сега шо? Сега си бара муштерии.. А врие скршени срца, па ако не напрајш на то пари, на шо. „Сакам јас да му помогнам таму да заминат во Австралија, Канада на луѓето“ вели Мирето, али Жана дали од љубомора оти и текнало за нов бизнис, или не знајме од шо ја предупредва: Ау… жени мажи си раздавала, противзаконски е.. Ако те дознат, в затвор ќе лежиш!

И тера вара, Милена паѓа на муабет. Ѝ фалат стројници. А поубај стројници од овие двете, кајма.

Да напрајме нешто за Милена мори Жане, годините така и врват!“ – се засекира ова комшивката, стројникот или макрото ко шо ја рече Жана во најновата епизода на Марјан Георгиевски. И секако Жана се топори оти ќе му најди маж. Ко ќе видиш во право е, ула куќа се сите, уште да и дојди некој со книгишта тука расчитан ко ќерка и четврт факултет шо сака. Али јакото е оти овие не биле со книги… Со поршиња биле.

Шо ќе се деси и дали Милена вистина ќе замини со порше од приказната на Марјан Георгиевски, едвај чекаме да видиме во новото видео. За сега, ѕирнете го муабетО и планот кој можи да го скројат кој ако не, ами… Типични балкански жени шо пијат кафе на плус 50 и слушат вести и црна хроника на цел глас.