Велика Британија – Зошто милионерите ја напуштаат?

Велика Британија - Зошто милионерите ја напуштаат?

Велика Британија – Зошто милионерите ја напуштаат? Статистиките велат дека повеќе од 10 000 милионери минатата година ѝ кажале „збогум“ на Велика Британија. Ова го кажуваат и податоците на компанијата „Њу Ворлд Велт“. Главните виновници? Високите даноци и слабеењето на Лондонската берза, кои ги натерале богатите да побараат подобри финансиски хоризонти.

Британскиот весник „Стандард“ дава експлицитен одговор на прашањето: „Велика Британија – Зошто милионерите ја напуштаат?“ Според истиот весник, глобалните економски гиганти како САД и Кина, со својот подем во технолошкиот сектор, станале нови „магнети“ за богатство. Очигледно, каде што има ниски даноци и растечки шанси – таму се селат и милионерите.

Велика Британија - Зошто милионерите ја напуштаат?

Но, економијата не е единствен проблем. Влошената состојба на здравствениот систем  во Англија станува сè поголем товар за оние кои сакаат сигурност и квалитетен живот. Комбинацијата несигурност и висок трошок на животот, ги насочува богаташите кон земји како Обединетите Арапски Емирати… Австралија и Швајцарија – новите раеви за оние со длабок џеб.

Зошто милионерите го напуштаат овој Албион*? Ете затоа, заради сè погоре изнесеното. Но, аналитичарите предупредуваат дека овој тренд на „економски егзодус“ може да остави долгорочни последици врз економијата на Островот. Како што продолжува да се интензивира миграцијата на богатството, Англија се соочува со голем предизвик: да ги задржи своите финансиски гиганти и да ја врати довербата за својата економска стабилност. Останува да се види дали ќе успее да ги задржи своите инвестиции или ќе мора да се прилагоди на новата реалност?

Албион* – поетски израз за Велика Британија кој потекнува од античките времиња. Се верува дека доаѓа од латинскиот збор „Albus“(бел), алудирајќи на белите карпи на Довер.

[post_tags]