Денес е дури неправилно и незамисливо да комуницираме без говор на омраза. Без да се препукуваме или без да мислиме спротивно на позитивното! На она што може да ни донесе среќа, енергија, исполнетост. Како да сакаме да се „труеме“ со песимизам. Со отровни зборови на кои до толку сме навикнале што дури си ги насочуваме и кон самите себе.
Во дадени и чести моменти, негативно констатираме „детето ми е крајно непослушно“, „сосетката ме мрази“, „шефот не го вреднува моето поведение“ и слично. Така, прибегнуваме кон напад на личноста за која мислиме дека е точно таква како што ја опишуваме и активираме отровни и навредливи зборови, а со тоа предизвикуваме конфликти. Во секојдневното комуницирање ако користиме пресилни зборови, се преобразуваме во комуникациски агресори.
Доколку погледнеме на состојбите поинаку, ќе констатираме дека детето не е непослушно, туку не успеало да го испочитува договореното време од „ x “ причини и сосетката не ве мрази туку ви рекла да не ја тресите прашината врз нејзиниот балкон и уште шефот, не дека не го вреднува вашето поведение, туку не успеал да пронајде „тајм аут“ и да го констатира истото.
Заклучок: Oлабавете, вие и онака си ја знаете сопствената вредност. Обидете се да ја анимирате другата страна да биде позитивна. Тоа секако ќе го постигнете без употреба на пресилни, отровни и навредливи зборови!