Најголеми „играчи“ на светската гастрономска сцена-на списокот на УНЕСКО

Najdobra hrana spored Unesko Најдобра храна според Унеско

Храната е елемент на култура и доволно значаен за да ѝ се посвети посебно внимание и заштита. Најдобрата храна на планетата на списокот на УНЕСКО е сервирана во Франција, Јапонија и Турција. Гастрономското патување низ овие земји носи незаборавно искуство на различни кулинарски традиции.

Земја број еден низ гастрономскиот објектив на УНЕСКО е Франција. Оваа земја води во артиклите и начинот на нивното послужување како и перфектно однесување на келнерите и уникатна презентација на јадења.

Францускиот утрински оброк сугерира на багет, свеж кроасан и топло еспресо во париска пекара.

Unesko
Унеско Франција кроасан, Емили во Париз

„ Koq au Vin е најчесто сервиран во времето резервирано за ручек (класичното јадење со пилешко варено во црвено вино, печурки и бисерен кромид). Може да одберете и Рататуј ( јадење од зеленчук направено од модар патлиџан, тиквички, пиперки и домати) и истото потркнува од Ница. Уживајте и во свежа морска храна на Азурниот брег кога доаѓа време за романтична вечера. Најпосле, во некои од париските слаткарници, засладете се со слатки макарони. Фантастично! Fantastique!

Следниот гастрономски голем играч на списокот на УНЕСКО, кој го пренесува нашиот извор, е турската кујна.

Унеско - турски ќебап

Неа ја поврзуваме со различни видови ќебапи како што се донер ќебап и адана ќебап. И има ли некој кој не вкусил баклава? Баклава е турски десерт направен од тенки кори, ореви и мед и е вистинско чудо и послатко од најслаткиот шеќер.  Пред да „навалите“ на тепсијата со баклава, вкусете хумус (блендиран намаз со маслиново масло на црн и бел леб), салата од модар патлиџан и замезете се со раки-традиционален турски пијалок. И конечно, старо, добро и вкусно кафе. Перфектно! Mükemmel!

Стигнавме и во Јапонија. Јапонската кујна асоцира на суши и сашими.

Unesko Unesko japonska kujna 
Унеско - Јапонска кујна - суши

Суши вклучува комбинација на ориз, свежа риба, туна завиткана во алги. И сето тоа исечено на мали ролатчиња. Сашими е исклучително свежа риба или морски плодови во своја најчиста форма. „Рамен“ е името на супа од тестенини и различни додатоци. Крцкавите ракчиња се викаат темпура и се комбинираат со зеленчук и печурки. Во Хирошима или Осака, често е сервирана јапонската палачинка која се вика „Окономијаки“ со зеленчук, месо и зачини. И конечно уживајте во зелен, мача чај.  Чиста петка-素晴らしい.

Светот му благодари на УНЕСКО кој воспоставува систем на критериуми преку кои квалитетот, константно е вреднуван. Иако нематеријалното наследство на УНЕСКО не ги зачувува кујните како целини, тоа се грижи за оддржување и зачувување на аспектите на културата и традициите поврзани со храната кои се значајни за заедниците и за целиот свет. УНЕСКО, перфектно си ја знае и обавува работата.