Хедонизам и Гастрономија
Идеален летен оброк – Уживајте во нови гастрономски искуства
Храната е уметност, па од тука и идејата да уживате во нови искуства и да експериментирате во кујната. Во продолжение прочитајте го рецептот наречен како индиска салата и вкусете еден поинаков летен оброк. Состојки: – 2 јаболка – 300 гр пилешко бело месо – 2 лажички кари – 100 гр мајонез -1 дл јогурт – […]
Храната е уметност, па од тука и идејата да уживате во нови искуства и да експериментирате во кујната. Во продолжение прочитајте го рецептот наречен како индиска салата и вкусете еден поинаков летен оброк.
Состојки:
– 2 јаболка
– 300 гр пилешко бело месо
– 2 лажички кари
– 100 гр мајонез
-1 дл јогурт
– 2 лажички мед
-1 лажица сок од лимон
– 1/4 лажичка ѓумбир
– 1/8 лажичка сол
-1 шака бадеми
Подготовка:
Во блендер измешајте кари, мајонез, јогурт, мед, сок од лимон и ѓумбир, па измешајте ги во прелив.
Подготвеното исечкано пилешко, ставете го во сад за салата со коцки од јаболка и преполовени бадеми.
Сѐ добро измешајте и посолете.
Прелијте го преливот врз салатата и оставете го во фрижидер пред послужување.
Пријатен апетит!
