Во светот на креативноста и уметноста, многумина од најголемите уметници и креатори биле жртви на морничави фобии и психичка дисфункција. Сепак, овие аспекти често биле игнорирани и сокриени зад сјајот на нивните дела.
Прочитајте ги скриените трагични истории и фобии на големи уметници: од Ханс Кристијан Андерсон до Винсент Ван Гог:
Ханс Кристијан Андерсон, омилениот автор на бајки како „Малата сирена“ и „Снежната кралица“, стравувал од тафефобија (страв дека ќе биде погребан жив) што го водело кон необични барања пред своите пријатели во деновите што биле последни во неговиот живот.
Салвадор Дали, генијалниот сликар не само што креирал уметнички дела, туку и се борел со страв од инсекти што предизвикало реални халуцинации именувани како „тактилни.“ Жртвата „чувствувала“ имагинарни инсекти како лазат по неговата кожа. Со овој проблем, Салвадор Дали за прв пат се соочил кога бил сам во хотелска соба. Во средината на ноќта го разбудило нешто што изгледало како бубачка која му го гризе месото. Кога не нашол ништо меѓу чаршафите, поминал со рацете по телото и почувствувал мала грутка на грбот. Веднаш се обидел да ја отстрани. Се испоставило дека имагинарната бубачка била само една од неговите бенки што ги имал по телото.
Алфред Хичког, популарниот филмски режисер , имал длабока аверзија кон јајца и уште нешто необично! Се плашел од гледање на филмовите што сам ги режирал. Нотирана е една негова изјава која става „зачуден израз“ на лицата на луѓето кои ја прочитале: „Се плашам и од моите филмови, никогаш не ги гледам. Не знам како луѓето можат да ги поднесат моите филмови.“
Вивиен Ли, актерката од „Однесено со виорот“ и „Трамвајот наречен желба“ криела биполарно растројство зад својата убавина, борејќи се со тежок хаос во својот живот.
Винсент Ван Гог, славниот сликар боледувал од епилепсија и истата отежнала со внесување на абсинт и хронично вдишување на гасови од боја. Некои експерти теоретизираат дека поради халуциногените својства на абсинтот, тој гледал предмети во жолта боја. Ова ја објаснува познатата распространетост на таа боја во неговата креативна работа.
Ете ваква е темната приказна на големите уметници која се сокрила зад секое уметничко дело на кое му се восхитуваме. ЗАКЛУЧОКОТ од темата за големите уметници и нивните нарушувања, открива комплексност и длабока несовршена човечка природа зад блескавите дела. Нивната творечка генијалност била сопрена со внатрешни борби и ментални предизвици.
Во историјата на овие грандиозни уметници, стравови, фобии и растројства искреирале трагични димензии. Секоја творба е произведена од нечија животна приказна. Таа го одразува балансот помеѓу величественоста на личноста и неговата кршлива природа. Во НЕОДОЛИВАТА желба за совршенство се одвива борбата со сопствениот личен хаос. Во моментите на патос и трагичност се раѓа креативноста и историите што ги кршат стереотипите за совршенство. И тука се зачнува конекција меѓу уметникот и публиката.