Убавината не е срам: Подостоинствено старееме со Теодора Зероска Тодоровска во YUGO

Убавината не е срам: Подостоинствено старееме со Теодора Зероска Тодоровска во YUGO.

Убавината не е срам. Искрен разговор за ботокс, природен изглед и предрасуди – без претерување.

ubavinata-ne-e-sram-podostoinstveno-stareeme-so-teodora-zeroska-todorovska

Убавината не е срам. Подвижното студио YUGO на Мими овојпат возеше низ Прилеп. Град што, како што вели Мими, е убав, топол и со свој ритам. Гостинка е Теодора Зероска Тодоровска, прилепчанка, медицинар по струка, дипломиран кадар од стоматолошки факултет и дел од светот на естетската медицина

Теодора работи во амбуланта „Д-р Зероски“, од докторска фамилија, и отворено зборува за тема што кај нас сè уште знае да биде табу: ботоксот и естетските корекции.

„Нема ништо срамно во тоа да сакаш да бидеш убава“, вели таа. „Срамот е во претерувањето, не во негата.“

Разликите меѓу градовите се очигледни. Мими низ смеа забележува дека во Битола „секое второ чупе е ботоксирано“, додека во Прилеп сè уште постои скепса. Според Теодора, предрасудите најчесто доаѓаат од лоши примери што ги гледаме околу нас – стравот да не се биде „пренапумпан“.
Нејзиниот пристап е јасен: плитко, брзо, безболно и со природен резултат.

Таа отворено признава дека и самата има ботокс на челото и „по нешто“ друго – но токму тоа е поентата: да не се забележи. Во естетската медицина, трендовите брзо се менуваат, па затоа континуираната едукација е задолжителна. Учењето, вели таа, никогаш не престанува, а убавината не мора да биде недостижна или прескапа.

Интересен е и нејзиниот личен момент: како помлада била „старо-мало“, сакала да се дружи со повозрасни, а денес – низ својата работа – си „брише по некоја година“ и се чувствува помлада од кога било.

Освен медицината, нејзина љубов е и музиката. Има настапувано на фестивали, почетоците ѝ се во „Ѕвездички“, учествувала и во македонско талент-шоу, но никогаш не ѝ била целта популарноста. Пее – од ќеф. Затоа што, како што вели, „сè што се прави, треба да има поента“.

Завршната порака е едноставна и силна:
„Секој нека си гледа во својот двор, нека работи на себе – така стануваме подобри и за околината.“
Теодора најмногу ги цени обичните, природни луѓе, оние што се смеат, се радуваат и ја носат убавината без маски.

пишува: Ромина Марковска

[post_tags]