Tripadvisor со листа за Tоп дестинации во 2023

Доколку го планирате вашето следно патување, погледнете ја листата на топ дестинации . Според Tripadvisor, ова се победниците во секоја категорија.

Дестинациите се рангирани врз основа на коментари и оценки на корисниците за периодот од ноември 2021 до октомври 2022 година.

Имено, листата има шест различни категории: Најбарани места, Најдобри места во однос на културата, Најдобри природни места, Најдобри места за храна, Најдобри места за скијање и Севкупно најпопуларни места.

Најбараното место – Куба

Местото со најдобра природа – Маурициус

Најдоброто место за скијање – Вистлер

Местото со најдобра култура – ​​Фес

Местото со најдобра храна – Рим

Најпопуларното место – Дубаи

Најбарани дестинации ширум светот се по редослед: Куба, Ханој, Маурициус, Сием Рип, Чианг Маи, Гранд Кајман, Фес, Баку, Катманду и Краков.

Најпопуларните дестинации низ светот се: Дубаи, Бали, Лондон, Рим, Париз, Канкун, Крит, Маракеш, Доминиканска Република и Истанбул.

Кога станува збор за најпопуларните европски дестинации, на врвот се Лондон, Рим, Париз, Крит и Истанбул.