Топ 6 трендови за внатрешен дизајн 2023

дизајн и ентериер 2023

Трендовите се менуваат, но некои остануваат. Еве што не очекува во поглед на дизајн и ентериер за оваа зима.

Домот е место од кое започнува сѐ. Како ќе се чувствувате во животот, како ќе се однесувате понатаму и какви приказни ќе креирате, започнува од домот. Создадете совршено катче од вашиот ентериер. Бидете креативни, а за нешто плус идеја, еве што кажуваат советите за дизајн.

Заоблени и неправилни форми

Веројатно со цел да се сруши оној перфекционистички поглед кон организацијата и изработката на внатрешниот дизајн, се препорачуваат заоблени агли и неправилни форми во однос а деталите и ѕидовите. Сепак, изборот е ваш.

Реси, тапети, тантела и набори

Овој забавен и возбудлив тренд на украсување, набори и реси неодамна го имаше своето јавно деби во списанијата за внатрешен дизајн и украсните публикации. Ова наклонетост кон традиционалниот дизајн сè повеќе се појавува на софите со плисирани или реси детали.

Драма во ентериерот

Овој тренд може да предизвика многу смирувачки ефект, а од друга страна изгледа драматично и моќно. Ако се направи правилниот избор на бои и нијанси, може да се создаде пријатен и софистициран амбиент кој ќе направи просторот да изгледа елегантен и софистициран. За да го добиете овој ефект, вклучете подлабоки, потемни тонови како темно зелена, тегет, јаглен или дури и црна.

дизајн dizajn
дизајн

Темни тонови и дрвото како најпопуларен материјал во ентериерот за оваа сезона

Дрвото е најпопуларниот материјал за оваа сезона 2023. Ако некогаш се сметаше за нешто кое е аут, сега е најексклузивно. може да го најдете на секоја страна од познатите магазини за ентериер и дизајн, а ние сме воодушевени од ваквиот избор.

Шик цвеќиња во внатрешниот дизајн

Шик цветните дезени се огромен тренд во моментов. Носат удобна носталгија во просторот што да си признаеме на не потсеќа на нашите баби. Shea McGee од McGee & Co. е еден од многуте дизајнери кои го популаризираа изгледот на нежни цветни тапети. Цветните дезени „на баба“ може да се најдат и во парчињата мебел, перници и драперии.

Ентериер инспириран од спа центрите и чил вибрации

Па зошто да не? Време беше за овој тренд да се популаризира. Се повеќе дизајнери го преферираат. А ние би рекле зошто да одите во спа, кога можете вашиот простор да го претворите во таков.

дизајн и ентериер

Останатите трендови, разгледајте ги на нашиот извор.